„Вистински вампир“ пие крв и спие во ковчег

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

Дојде октомври и наскоро многумина од младите ќе ја слават Ноќта на вештерките. Но, овој маж не е морничав само еднаш годишно, бидејќи Андреас Батори тврди дека тој е вистински вампир кој пие крв, спие во ковчег и се поврзува со душите на мртвите.

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

Романецот Андреас вели дека без разлика што вие мислите, вампирите не ги има само во хорор филовите, тие се вистински и живеат меѓу нас.

Андреас живее на земјиштето на „Замокот на Дракула“, односно во замокот Бран во Трансилванија и смета дека вистинското вампирство не треба да се меша со модерниот фетиш за пиење крв.

Андреас, кој не сака да ја открие неговата возраст, тврди дека традициите што ги следи се стари повеќе од 600 години.

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

„Се држам понастрана од модерната онлајн заедница на вампири. Ние ги негуваме традициите што се постари од 600 години. Модерната заедница на вампири е полна со сексуални ритуали кои се против природата вампировото постоење. Вампирот не се исполнува преку сексуална девијација, фетиш за крв или садо-мазо. Вампирот не живее на овој начин.“

Па, како тогаш изгледа животот на вампирот? Андреас тврди дека се пие крвта на волонтери кои ги нарекува „црни лебеди“. Потоа минува време во медитативна состојба во ковчег каде што се поврзува со душите на мртвите. Звучи забавно!

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

„Се храниме само од доброволни донатори. Ќе се изненадите колку луѓе бесплатно ја нудат нивната крв ако им кажете дека сте вампири. Верувале или не, никогаш не барам крв. Луѓето самите ја нудат бидејќи сакаат да ги разберат вампирите и нашата енергија. Постојат и здравствени ризици, но не повеќе од поминување улица. Преземаме мерки за размената да биде безбедна. Исто така, понекогаш спијам во ковчег кога сакам да бидам мртов за светот и да медитирам.“

Тој е и избраниот лидер на култот Ордо Дракул, група луѓе со слични размислувања кои тврдат дека култот датира од 1476-та година.

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

Андреас вели дека неговиот живот се променил пред неколку години кога бил посетен од Влад Тепеш, инспирацијата за грофот Дракула.

„Пред 4 години ми се појави во сон. Беше во темна соба и ме нарекуваше негов син. Не верувам дека сум негов потомок, туку тој ме има одбрано да ја пренесам оваа порака и традиција на новата генерација. Па, таа вечер однесов жртва на местото каде што е убиен и тој ми кажа дека животот ќе ми се промени засекогаш. Тоа и се случи.“

„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

Но, не сите се согласуваат со целата оваа работа околу вистинските вампири. Андреас го открил ова кога одлучил јавно да признае за неговото пиење крв.

„Се разбира дека се справувам со премногу онлајн хејтери. Тие се љубоморни. Ако некој ми кажел за ова пред една деценија, ќе ми изгледало како фантазија. Но ако сте се соочиле со силите со коишто се имам соочено јас, ќе разберете.“

Погледнете и кои застрашувачки чудовишта се инспирирани од вистински настани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    ne se glupirajte ne perete mozok.

  2. Anonimna Reply

    Dali nekoj voopsto kontrolira sto se objavuva? Kakvi vi se ovie tesktovi? Ne e nitu informativno, nitu zabavno, nitu edukativno, nitu pak e senazcionalisticka sodrzina ako imate cel za pogolema citanost…

Остави коментар