Жена решила јавно да го посрами својот вереник откако дознала колку чинел прстенот

Пред да го постави големото прашање, мажот треба да одлучи колку пари сака и може да одвои за вереничкиот прстен и секако, да го избере моделот кој верува дека ќе ѝ се допадне на неговата идна сопруга. За многумина, скапото парче накит не значи ништо, важен е моментот и намерата, но други сметаат дека прстенот треба да чини помеѓу една и три месечни плати.

Неодамна, една жена која веројатно спаѓа во втората група истомисленици, се пожалила на еден форум дека нејзиниот вереник ја разочарал со премалиот дијамант.

Жена решила јавно да го посрами својот вереник откако дознала колку чинел прстенот

Таа дознала дека прстенот чини 1.674 долари и се разочарала од сумата што нејзиниот вереник ја платил, па сметала дека ќе наиде на разбирање од други жени. Но, зборувајќи за прстенот како да е пластична играчка, таа всушност наишла на куп коментари во кои ја обвинуваат за материјализам и се надеваат дека нејзиниот вереник треба уште еднаш да размисли пред да одлучи да стапи со неа во брак.

Жена решила јавно да го посрами својот вереник откако дознала колку чинел прстенот

Еве ја нејзината порака во целост:

„Мојот драг партнер ми предложи брак и ми го презентираше прстенот што ми го избрал – дијамант на бело злато. Бев многу среќна и возбудена што ќе го добијам, но се разочарав кога всушност го видов прстенот. Првиот збор што ми падна на памет беше ‘мал’.

Нема нешто конкретно што не ми се допаѓа на самиот прстен, бидејќи и јас ќе изберев дијамантски, но не ми се допаѓа во целина, од бојата на златото, поставеноста, малиот дијамант и релативно грубите рабови.

Неговата плата е скоро со 6 цифри и вообичаено е многу дарежлив. Ја видов сметката и знам дека платил 1.674 долари за него – што е многу помалку од она што би очекувала дека ќе потроши за толку значајно парче накит.

Тој многу ќе се разочара од мене кога ќе види дека правам голема работа од ова, бидејќи во неговите очи, прстенот ми точен и всушност ништо не му фали, освен што сум разочарана дека не сум баш најсреќна со изборот.

Некој на работа наводно му рекол дека ‘ако направи голема галама за прстенот, тогаш не е вистинската девојка за тебе’.

Идеално, јас би сакала да го изберевме прстенот заедно и тоа да беше наш посебен ден кога ќе најдевме нешто што и на двајцата ни се допаѓа. Бидејќи тоа е нешто што ќе го носам секој ден и е многу важно парче накит.

Многу сакав да ми се допаѓа, но едноставно не е така.

Дали некој друг се нашол во ваква ситуација? Што направивте?“

Сочувствуваме со нејзиното незадоволство. По малку. 🙂 Погледнете како ја подбрале некои од корисниците на форумот и на Фејсбук:

„Моите прстени се од апликацијата Wish. Вкупно 25 долари. Воопшто не ми е гајле. Нашата љубов е поважна од цената на прстенот“ – вели Џесика Волтерс.

„Ако заработува 6 цифри веројатно ѝ купил мал прстен за да ја тестира каква е навистина и да биде сигурен дека нема да се ожени со материјалистка и спонзоруша. Изгледа не го положила тестот“ – коментира Чина Вилкинсон.

„Биди среќна што воопшто си добила прстен – заслужуваш да умреш сама бидејќи си материјалистка и површна вереница“ – погрубо додава Синтија Корси.

„Дали се шегуваш?! Тоа се скапо! И не само тоа, важна е намерата. Исто така, всушност прстенот е баш убав. Се надевам дека ја откачил“ – се надоврзува друг корисник.

„Веројатно е во роднинска врска со девојката која сака луѓето да платат карта за да присуствуваат на нејзината свадба“ – се шегува Гена Терел.

„Прстенот не создава добар брак. Напорниот труд го прави тоа. Мажена сум повеќе од 40 години и немам дијамантски прстен. Никогаш не ни сакав. Сметав дека е залудно да се потрошат толку пари. И погоди што? Потполно сум среќна!!!“ – објаснува Су Лару.

„Човече, некои жени со толку алчни. Сетот од мојот веренички и венчален прстен чинеше 125 долари. Вториот чинеше 250. Тој гледаше прстени кои чинеа по илјадници долари, ама јас реков нема шанси. Подобро да ги искористиме парите за поважни нешта“ – вели Џоан Кејси.

„Целата свадбена индустрија е измама и голема зае*анција. Зачувајте си ги парите и уплатете си куќа или појдете на убав меден месец“ – потсетува Ли Диогенија.

„Нема ништо лошо што сакаш убав веренички прстен. Но, не се согласувам со омаловажувањето на твојот иден сопруг поради тоа“ – коментира Мелиса Алишиа.

Погледнете ја оваа одлична идеја за храбрите парови: Тетоважа наместо веренички прстен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар