фотографија | Кафе пауза - Part 11

Женски чевли направени од цвеќиња

Мишел Черефков забележал свиткан лист, кој му заличел на чевел, од што ја добил инспирацијата за да ја направи неговата необична фото-серија „Цветни чевли“.

Кривите улици во Сан Франциско

Фотографот Dan Ng се обидел да ги „исправи“ овие неверојатни удолни улици, така што го навалувал фотоапаратот во спротивна насока од косината на улиците.

10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

Има илјадници животни кои егзистираат под големите слоеви мраз на Арктикот. Некои од нив изгледаат чудно...

Филозофијата на животот

Финската фотографка Jenni Holma им дава визуелна смисла на сите оние длабоки емоции кои се дел од животот на секој човек.

Како изгледале познатите во нивните алманаси?

Познатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот.

Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, кои ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи.

Денот и ноќта на Њујорк во иста фотографија

Стефан Вајкс склопува и меша 30-50 фотографии за да може да добие една, во која визуелно ќе биде прикажано преминувањето на денот во ноќта.

Колоритни ѕвездени патеки

На прв поглед, овие спектакуларни, колоритни небесни кругови може да изгледаат како да се резултат на добра компјутерска графика или расипан фотоапарат, но тие се всушност фотографии направени со долга експозиција.

Виножито од мравки

Транспарентниот стомак на мравките ни дозволува да видиме што јаделе, врз основа на бојата на храната.

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Погледнати низ микроскоп, зрната песок имаат фантастична, колоритна структура и потсетуваат на делови од кристали...

Младост, лудост и романтики

Лондонскиот фотограф Крис Крејмер, во неговата фото-книга „Романтика“, ги претставува специјалните, неконтролирани емоции на љубовните парови од реалниот живот...

Нефилтрирана женска убавина

Гледајќи ги фотографиите на лосанџелешкиот моден фотограф и уметник Мајкл Шмит, очигледно е дека тој преферира неговите сцени да изгледаат што е можно поприродно...