Женски чевли направени од цвеќиња
Роден и образован во Париз, Мишел Черефков студирал право, кога после една посета на неговата сестра која работи како манекенка во Њујорк, тотално му се променил патот кон неговата кариера и решил да започне да се занимава со комерцијална фотографија. Незаситната љубопитност на Мишел за уметничките облици, во комбинација со неговиот инстинкт и потреба за експериментирање, резултирало во фотографии, кои тој ги опишува како „искривена реалност“.
Неговата работа била инспирирана од свиткан лист, кој Черефков го забележал и му заличел на чевел. Од оваа идеја, била родена неговата фотографска серија „Shoe Fleur“ (Цветни чевли). Тој првин ги фотографирал поединечно цвеќињата и листовите во неговото студио во Менхетен, а потоа користел Фотошоп за да ги соедини елементите во една целина и да создаде надреални чевли.
Во врска со неговата фото-серија Мишел вели: „Ги купив сите овие цвеќиња и листови и почнав да фотографирам. Беше многу забавно и убаво и испадна токму како што сакав – тотална фантазија“.









Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
