Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година - Part 3

Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година

13. „Truly Madly Deeply“ – Savage Garden

Австралискиот поп бенд го постигна својот успех со својот дебитантски албум во САД. Оваа романтична песна стана навистина позната за венчавки.

14. „How Do I Live“ – Лиен Рајмс

Оваа песна го освои второто место на Билборд топ 100 и го држи рекордот за песна која најдолго се наоѓала на листата – цели 69 недели.

15. „Together Again“ – Џенет Џексон

Ова е забавен денс хит кој ги освојуваше топ листите 2 недели. Има два спота, едниот во Африка, а другиот во апартман.

16. „Candle in the Wind“ – Елтон Џон

Оригинално, песната е снимена во 1973-та година, но Елтон Џон го променил текстот по смртта на принцезата Дијана. Тие биле блиски пријатели па тој сакал да ѝ оддаде почит. Ја извел песната само еднаш, и веројатно за последен пат, но хитот се прослави многу брзо.

17. „Gettin’ Jiggy Wit It“ – Вил Смит

Се сеќавате кога актерот беше рапер? 1998-та година беше добра за неговата музичка кариера, а овој хит се наоѓаше на врвот на топ листите 3 недели. Исто така си заработи и Греми награда.

18. „Everybody (Backstreet’s Back)“ – Backstreet Boys

Бендот го направи својот втор албум и го најави враќањето со овој сингл. Оваа песна дефинитивно е од оние кои повеќе предизвикуваат носталгија отколку што нудат квалитет.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар