Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година - Part 2

Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година

7. „…Baby One More Time“ – Бритни Спирс

Бритни почна да го зазема своето место во поп музиката со овој сингл. Спотот го паметат многумина, а интересен е и самиот текст, иако можеби не е целосно јасен. Текстописците изјавиле дека во песната станува збор за раскинувања и желба за повик од бившиот партнер.

8. „Are You That Somebody“ – Алија

Овој сингл е направен за „Доктор Дулитл“ (Dr. Doolittle), па во музичкиот спот има сцени од филмот. Наводно, песната била напишана за само 4 часа.

9. „Hard Knock Life“ – Џеј Зи

Оваа песна потекнува од истоимениот сингл во филмот „Ани“ (Annie). Џеј Зи изјавил дека се поврзал со овој измислен лик бидејќи сметал дека неговата приказна била на Ани, како и дека приказната на Ани била негова. Песната била место каде што нивните искуства не биле контрадикторни, туку разни димензии од истата реалност.

10. „La Copa de la Vida“ – Рики Мартин

Ова беше официјалната песна за Светското првенство на ФИФА па се прослави низ целиот свет. Спотот на песната е видео од концерт во Пуерто Рико.

11. „Too Close“ – Next

Оваа песна беше насекаде, и покрај тоа што е за човек што сексуално се возбудува кога игра премногу блиску до некого. Членовите на бендот го сакале скриеното значење на текстот. Тие изјавиле дека им било многу мило што секоја радио станица ја пуштала песната пред да сфатат за што всушност се пее во неа.

12. „You’re Still the One“ – Шанаја Твејн

И оваа песна освои 2 Греми награди. Песната продолжува да живее и денес бидејќи многу бендови прават преработки.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар