Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година - Part 4

Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година

19. „Adia“ – Сара Меклахлан

Сара сè уште е активна, но во 1998 година луѓето цело време ја слушаа „Adia“. Ова е уште една тажна песна што беше помеѓу првите 5 на Билборд топ 100.

20. „Spice Up Your Life“ – Spice Girls

Истите луѓе кои ги слушаа Backstreet Boys веројатно ја пееле и оваа песна. Овој сингл им помогна на девојките да се најдат помеѓу првите 5 на топ листите во Велика Британија.

21. „Semi-Charmed Life“ – Third Eye Blind

Кога ќе се земе предвид дека песната е за кристален метамфетамин и орален секс, и самиот бенд се шокирал од успехот. На членовите не им се верувало дека нивната песна се пуштала и на радио.

22. „Fly Away“ – Лени Кравиц

Во минатото кога Лени повеќе ѝ се посветуваше на музиката, оваа песна стана една од најпопуларните. Денес повеќе сака да глуми.

23. „Ray of Light“ – Мадона

Поп иконата се најде на многу радио станици со овој денс хит. Овој хит беше пласиран највисоко од хитовите на Мадона. Иако таа има богато творештво, оваа песна го издржала тестот на времето.

24. „All My Life“ – Кејси и Џоџо

Овој хит се наоѓаше на врвот 3 недели и до ден денес е најуспешната песна на изведувачите. И оваа песна се прослави за венчавки.

25. „Nice & Slow“ – Ашер

Во овој период Ашер се наоѓаше на почетокот на својата кариера, а песната е од неговиот втор албум. Таа го освои првото место на Билборд топ 100.

Слушнете ги и овие музички хитови од минатото кои сигурно сте ги заборавиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар