Кафе на стапче: Одличен рецепт за летните денови

Внесете ја вашата дневна доза кофеин со овој одличен рецепт за кафе на стапче. Потребно ви е ладно инстант кафе, кондензирано млеко и шеќер кои е потребно само да ги замрзнете. Направете место во замрзнувачот бидејќи сигурно ќе сакате да направите поголема доза.

Кафе на стапче: Одличен рецепт за летните денови

Потребни состојки:

  • 650 милилитри ладно кафе, поделено
  • 120 милилитри кондензирано млеко
  • 45 г шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во малo тенџере на средна топлина загрејте 325 милилитри кафе, додајте шеќер и мешајте додека шеќерот не се раствори.
  2. Во друг сад ставете го останатото кафе. Додајте ја топлата мешавина од кафе и шеќер и кондензираното млеко и промешајте.
  3. Ставете ја смесата во калапи за сладолед и ставете стапчиња.
  4. Moжете да додадете зрна кафе по избор.
  5. Ставете во замрзнувач за 2 до 3 часа, а потоа уживајте.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар