Нов пролетен моден тренд што наскоро ќе се забележува и на улиците во Скопје

Пролетта доаѓа, а со неа и најдоброто време во годината за освежување на нашата гардероба. Време е да се ослободиме од сите големи, дебели џемпери и да ги замениме со лесните и разнобојни пролетни парчиња облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna Bartoli (@donna.bartoli) on

Имајќи го ова на ум, на улиците ширум светот сè почесто се забележува едно модно парче коешто се очекува да ја освои оваа пролет. Станува збор за миди сатенско здолниште со ретро дизајн – нешто што никој не очекувал дека ќе се пробие на самиот врв на модните трендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by by CHRISTINE KONG (@dailykongfidence) on

Ако ги погледнете Инстаграм профилите на познатите инфлуенсерки и најновите блог објави, ќе забележите дека сите овие девојки имаат барем еден модел од ова здолниште. За оваа пролет, тоа им е првиот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M|B (@monet.blake) on

Најдоброто нешто? Ова здолниште лесно се комбинира и можете да го носите во сите прилики, од дневно кафе со пријателите и вечерно излегување до секојдневното одење на работа и сите дополнителни работни настани. Па, ако сакате да ја почнете оваа пролет со стил, тогаш сè што треба да направите е да го облечете ова здолниште!

Блогерките ширум светот ги обожаваат и овие пантолони во кои нозете им изгледаат двапати подолги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар