Зошто сè повеќе млади луѓе имаат инфаркт?

Зошто сè повеќе млади луѓе имаат инфаркт?

Според едно истражување, инфарктот станува почеста појава во навидум неочекувана група – луѓе во нивните 20-ти и 30-ти години. Она што го прави проблемот поголем е тоа што луѓето на оваа возраст ги искусуваат истите последици од инфарктот, вклучувајќи и смрт, како и оние што се 10 години постари.

Зошто сè повеќе млади луѓе имаат инфаркт?

„Беше неверојатно ретко да видите некој помлад од 40 години со инфаркт, а некои од овие луѓе сега се во нивните 20-ти или рани 30-ти. Според она што го гледаме, изгледа дека се движиме во погрешна насока“, изјавил кардиологот доктор Рон Бленкстајн, еден од авторите.

Истражувањето ќе биде претставено на 17-ти март на годишниот состанок на Американскиот колеџ за кардиологија во Њу Орлеанс.

За потребите на истражувањето, научниците разгледувале податоци од околу 2.100 пациенти со инфаркт, на возраст од 50 години и помалку, кои биле пријавени во две големи болници помеѓу 2000-та и 2016-та година. Севкупно, околу 1 од 5 пациенти, односно 20%, имале 40 години или помалку. За последните 10 години од истражувањето, бројот на пациенти помлади од 40 години се зголемувал за 2% секоја година.

Покрај тоа, пациентите помлади од 40 години имале исти шанси за смрт по инфарктот како и пациентите од 41 до 50 години. Ова значи дека младоста нема да ве заштити по инфарктот.

„Дури и ако сте во вашите 20-ти или 30-ти, штом еднаш сте доживеале инфаркт, имате поголем ризик од други кардиоваскуларни проблеми и сте изложени на ист ризик како и некој постар од вас“, изјавил Рон.

И постарите и помладите испитаници ги имале истите ризични фактори за болести на срцето, вклучувајќи дијабетес, висок крвен притисок, пушење и семејна историја со инфаркт. Во споредба со оние на возраст од 41 до 50 години, помладите почесто користеле супстанци како марихуана и кокаин. 18% од помладите испитаници изјавиле дека користат нешто, во споредба со 9% од постарата група. Овој податок покажува дека употребата супстанци можеби е виновна за ситуацијата, но потребно е дополнително истражување.

Помладите пациенти исто така поретко земале аспирин и статини откако доживеале инфаркт. Причината најверојатно е тоа што лекарите поретко им ги препорачуваат лековите на помладите пациенти поради нивната возраст. Потребни се дополнителни истражувања за да се разбере зошто инфарктот станува сè почеста појава помеѓу младите. Сепак, традиционалните совети за спречување на срцеви болести остануваат исти за сите возрасни групи.

„Сè се сведува на превенција. Многу луѓе мислат дека инфарктот мора да се случи, но во големиот број случаи може да биде спречен со рано забележување на болеста и агресивни промени во животниот стил, како и справување со другите ризични фактори.“

Погледнете кои се знаците кои се јавуваат еден месец пред инфаркт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар