6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

Средниот век се смета за најмрачниот период од историјата на Европа. Повеќето војни, болестите и недостатокот од хигиена се нешта што предизвикувале многу проблеми. Но Средниот век е и можеби најинтересниот историски период, а следниве факти ќе ви го докажат тоа.

1. Облеката со риги била лош знак

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

Носењето облека со риги воопшто не било безбедно во Средниот век. Во 1310-та година, еден чевлар од Руан бил погубен бидејќи носел ваква облека. Облеката со риги им била дозволена само на актерите, музичарите, проститутките, еретиците и други личности кои немале стабилна позиција во општеството. Облеката била начин да се разликуваат од благородниците.

Модерните научници не го знаат точното потекло на оваа традиција. Некои експерти веруваат дека причината е тоа што облеката со риги ја крие формата на телото, па може да се гледа како обид да се сокрие нечие вистинско лице.

2. Зошто имало клун на маските на лекарите?

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

За време на чумата, лекарите ја носеле познатата маска со клун. Но, клунот немал за цел да ги заплаши луѓето, туку во него се наоѓале супстанци со силен мирис, како на пример материјал потопен во оцет, цвеќиња, тревки или нешто слично. Во тој период се верувало дека чумата може да се спречи со ваков филтер. Единственото прашање што останува е кога точно биле создадени овие костими. Иако популарното мислење е дека биле создадени за време на епидемијата во 14-тиот век, не постојат докази за ова. Некои експерти веруваат дека маските не постоеле дури до 17-тиот век.

Првата пандемија на чума за која знаеме започнала во средината на 6-тиот век и убила над 125 милиони луѓе во Европа и Азија. Исто така имало пандемија и во 14-тиот век – била донесена од Кина во Европа и стигнала до Русија, каде што го убила населението во неколку градови. Во Европа умреле над 25 милиони луѓе од чума. Во тој период, тоа било третина од целото население на континентот.

3. Зошто има отвори на ѕидовите од катедралите од овој период?

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

За време на реставрирањето, експертите нашле мали отвори во ѕидовите на катедралите изградени во Средниот век. Овие отвори биле користени за луѓето да видат што се случува внатре. Биле наменети за луѓе кои не можеле да влезат во катедралата поради разни причини, како на пример лепра.

Отворите имаат разна форма во зависност од катедралата и некои биле кружни, некои со форма на квадрат, а има и со форма на крст. Отворите гледале кон гробишта или населени места. Во 16-тиот век, повеќето од отворите биле заѕидани штом лепрата била искоренета.

4. Зошто кружните скалила се во насока на стрелките на часовникот?

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

Спиралните скалила што можете да ги видите во замоците од Средниот век секогаш биле градени во насоката на стрелките на часовникот. Биле направени на овој начин во случај замокот да биде под опсада – личноста која се обидува да се одбрани и која се симнува по скалите ќе може да се мечува со десната рака, а повеќето луѓе биле деснаци. Од друга страна, напаѓачот кој би доаѓал од доле би имал проблем со мечувањето.

Спиралните скали имале и друг трик – биле со различна широчина и височина. На овој начин, напаѓачите кои не го познавале теренот се сопнувале и паѓале. Луѓето кои живееле во замокот имале предност бидејќи го познавале местото. Се разбира, и ова правило имало исклучоци. На пример, еден од замоците Волдстајн има скалила во обратна насока бидејќи поголемиот дел од членовите на семејството биле леваци.

5. Зошто витезите се бореле со полжави?

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

На крајот на 13-тиот век на северот од Франција биле направени ракописи на кои има цртежи од витези кои се борат со полжави. Научниците не се сигурни зошто овие суштества биле мразени од страна на уметниците во Средниот век, но постојат неколку претпоставки. Според една теорија, полжавот кој се појавува од школка е симбол на воскресение, па сликата е само метафора. Според друга теорија, полжавот е симбол на кукавичлук. Најверодостојната теорија е дека полжавот е симбол на Ломбардите кои биле во војна со Франција.

6. Жените не изгледале добро како на денешните ТВ серии

6 неочекувани факти за Средниот век што докажуваат дека историјата е навистина забавна

Се разбира, жените биле убави и во Средниот век, но немале козметика или пристап до бањи и слични услуги. Реалноста била многу посурова од она што го гледаме на телевизија. Кога на жените им требале лажни веѓи, користеле крзно од глодари. Сите белези на кожата, како бемки и пеги, се верувало дека се добиени од ѓаволот и требало да се сокријат. За да ги отстранат, жените користеле крв од зајак и многу други чудни супстанци. Во овој период модерен бил светлиот тен, па жените користеле жива, киселина и олово за да го избелат нивното лице. Бидејќи немало никакви козметички продукти, жените користеле сапун направен од пепел и сало.

Дознајте нешто повеќе за најчудните средновековни болести.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар