Совет за родителите: Домашната библиотека може да има моќно влијание врз децата

Совет за родителите: Домашната библиотека може да има моќно влијание врз децата

Авторите на едно истражување проучувале речиси 189.000 возрасни помеѓу 2011-та и 2015-та година. Нивните наоди покажале дека домаќинствата во кои имало 80 или повеќе книги, можеле да одгледаат личности со значително подобри вештини за математика, расудување и комуникација.

Совет за родителите: Домашната библиотека може да има моќно влијание врз децата

Научниците ги истакнале следниве точки:

  • Детето кое е одгледано во дом со најмалку 80 книги ќе има подобра писменост подоцна во животот.
  • Домашната библиотека ги подобрува математичките вештини и поефикасно ја развива навиката за читање дури и од факултетот.
  • Домот во кој се цени учењето ќе создаде личност која ќе бара знаење.

Истражувањето го потврдува фактот дека растењето во дом со подготвено и достапно знаење ги зголемува споменатите вештини. Ова не може да се постигне само со родителско воспитување, учење или едукација.

Се покажало дека средношколците кои доаѓале од домови со библиотека имале исти вештини во математика, технологија и литература како и постарите студенти кои имале пристап до мал број книги додека растеле.

Квантитетот не е единствениот важен фактор

Истражувањето истакнало дека возрасните кои потекнуваат од домови со 81 до 349 книги имале најдобри квалитативни подобрувања за време на периодот на образование. Немало поголеми достигнувања кај возрасните кои потекнувале од домови со поголем број книги од спомнатиот.

Се разбира, содржината на вашата библиотека се разликува во зависност од тоа каде живеете. Најголемите колекции во светот ги имале скандинавските семејства – 13% од Швеѓаните и 14% од Норвежаните имале библиотеки со над 500 книги во нивните домови. Во спротивно, само неколку држави имаат помалку од 81 книга во просек – Сингапур, Турција, Италија, Чиле и Грција.

Ефектот на дигиталните книги

Важно прашање што треба да се постави е влијанието на постојаниот раст на дигиталните медиуми, во овој случај електронските книги. Според истражувањето, прерано е да се смета дека консумирањето печатени медиуми е застарено. Моментално големите дигитализирани библиотеки се еднакви на оние со печатени книги. Големината на домашната библиотека е позитивно поврзана и со поголем број дигитална литература. Поради ова, истражувањето укажува дека одреден период интеракцијата со опипливи предмети во интелектуалното учење, односно книги, ќе продолжи да има позитивен ефект кај децата.

Зошто домашните библиотеки се од помош?

Истражувачите истакнале два фактора што имаат улога. Првиот е ефектот на одгледувањето во социјална атмосфера што го поттикнува учењето. Претставувањето на книгите за време на детството и адолесценцијата е важен дел за интелектуалниот развој. Покрај тоа, овие способности поттикнуваат животни навики кои ја подобруваат писменоста и логичкото размислување.

Истражувањето покажало дека студентите кои биле пораснати без пристап до многу книги имале просечно ниво на писменост. Па од овде може да се заклучи дека книгите во домот се добра инвестиција за иднината на детето.

Ова се одлични вести за луѓето кои не можат да им овозможат високо образование на нивните деца. Книгите се поевтини од студирањето и можат значително да помогнат во развивањето на математичките вештини и писменоста без помошта од факултетот.

Децата кои биле пораснати со книги и кои одат на факултет, можат максимално да ги искористат придобивките од високото образование. Исто така тие можат да постигнат многу повеќе како возрасни личности.

Па може да се каже дека книгите навистина се корисни за нашиот ментален развој за време на годините на учење. Сега и науката го потврди ова. Па кога следен пат ќе забележите личност задлабочена во книга, немојте да ѝ судите, туку почнете да читате и вие.

Погледнете и зошто читањето може да ве направи посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар