Кремасто смуди со кафе

Смуди со кафе со кремаста текстура, без засладувачи, чоколадно и едноставно за приготвување. За ова смуди ви се потребни само 5 состојки.

Кремасто смуди со кафе

Потребни состојки:

  • 60 милилитри ладно инстант кафе или филтер кафе
  • половина банана
  • 80 милилитри кокосово млеко или по избор, замрзнато во стандардни коцки мраз (за кафето ќе ви требаат 2 или 3 коцки мраз)
  • 1 лажичка какао во прав
  • 1 лажичка засладувач по вкус

Начин на подготовка:

  1. Млекото ставете го во форма за коцки мраз и замрзнете го преку ноќ, а бананата исечкајте ја и исто така оставете ја да замрзне.
  2. Подгответе го кафето и оставете го во фрижидер околу 12 часа или преку ноќ.
  3. Следниот ден за да го подготвите смудито, додајте го кафето, замрзнатата банана, коцките мраз, какаото и засладувачот во блендер.
  4. Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додајте повеќе кафе или млеко ако имате проблем со блендирањето.
  5. Додадете повеќе засладувач ако сакате, а исто така можете да додадете и чоколадни струготини. Бидете креативни и уживајте во вкусот.

Можеби ќе сакате да ги пробате и овие 3 освежувачки пијалаци со кафе за престојните топли денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар