Дали кафето може да го дехидрира организмот?

Дали кафето може да го дехидрира организмот?

Дали не можете да го замислите вашиот ден без кафе? Дури 70% од Американците тврдат дека пијат кафе секоја недела, додека 62% велат дека пијат секојдневно.

Дали кафето може да го дехидрира организмот?

Сепак, иако кафето е избор број еден, има еден голем недостаток. Кафето понекогаш е лошо оценето како нездраво поради една причина – дехидрира.

Многу забуни произлегуваат од неразбирањето на она што кофеинот го прави во вашето тело. „Кофеинот е благ диуретик, што значи дека ја зголемува вашата потреба за мокрење, така што во таа смисла губите повеќе вода отколку што би изгубиле доколку не сте пиеле кафе“, објаснува С. Адам Рамин, уролог од Лос Анџелес.

„Меѓутоа, само затоа што нешто е диуретик не значи дека автоматски ќе ве дехидрира, а ефектот во овој случај е мал. Кафето е главно вода, па го заменува она што го губите“, објаснил д-р Адам.

Што вели науката?

Една од бројните анализи заклучила дека кафето, кога се консумира умерено, го хидратизира организмот на сличен начин како водата. На прашањето: „Дали кафето може да го дехидрира организмот?“ нутриционистите одговараат дека иако порано луѓето биле советувани да го избегнуваат кафето доколку сакаат да му ја обезбедат потребната хидратација на организмот, сепак доволно е само да го контролираат неговото консумирање.

Кафето не смее да ја замени водата

Сепак, експертите препорачуваат и дека кафето не смее да ви биде единствен извор на хидратација. Така, ако пиете кафе наместо вода, можете да си наштетите на сопственото здравје, да станете нервозни, вознемирени и ненаспани.

„Не препорачувам да го користите кафето како главен извор на хидратација, бидејќи премногу кафе може да им наштети на вашите бубрези. Тоа може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите и да ги влоши симптомите на т.н. синдром на хиперактивен мочен меур“, вели д-р Рамин.

Откако прочитавте за најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и дали кафето може да ја подобри меморијата.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар