Како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини?

Како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини?

Тропските денови допрва доаѓаат, поради што треба дополнително да внимаваме на несаканите здравствени последици. Ниту оние кои немаат здравствени проблеми и се придржуваат до здрави животни навики не се имуни на пеколните жештини.

Како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини?

Покрај заштита од сонце, носење лесна облека и внесување на доволни количества течности, постои и правило за омилениот пијалак на многумина.

„Кафето во текот на летото лесно може да нè излаже“, посочува д-р Иван Горник, „бидејќи доведува до намалена хидратација, но има начин да се пие и во топлите денови“.

„Кафето води до намалена хидратација, но можеме да си дозволиме две до три мали шолји или една голема, под услов да додадеме многу вода. Знаеме дека кафето е диуретик, па предизвикува губење течности од телото, а мокрењето предизвикано од кафето може да нè натера да мислиме дека имаме доволно течност, дури и кога немаме“, изјавува д-р Горник .

Кога пиете кафе, би било препорачливо да избегнувате кафе со вкусови и различни адитиви, сирупи, шеќери и засладувачи. Најдобра опција би било да пиете домашно кафе или еспресо, без никакви додатоци или шеќер. Внимавајте и да не претерате со количината на кафе што ја консумирате во текот на денот.

Откако прочитавте за влијанието на кафето врз организмот во текот на летото, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за ледено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летото.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар