Инспирирано од Хари Потер: Кофеински рецепт за најголемите љубители на младиот волшебник

Кафе инспирирано од серијалот Хари Потер

Потребни состојки:
  • 350 милилитри бадемово млеко
  • 350 милилитри свежо подготвено филтер кафе
  • 1 супена лажица несолен путер
  • 1 супена лажица кафеав шеќер
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • Прстофат цимет во прав
Начин на подготовка:

Најпрво, подгответе го кафето на вообичаениот начин. Потоа загрејте ги путерот и шеќерот во тенџере на среден оган и мешајте додека не почнат да се карамелизираат. Кога ќе почнете да забележувате балончиња, додајте ги бадемовото млеко, кафето и циметот и мешајте околу 2 минути. Потоа тргнете од оган, сипете во шолја и подгответе се да се чувствувате како да сте во заедничката просторија во Хогвартс, топлејќи се покрај оган.

Пробајте го и ова Нутела фрапучино со само 3 состојки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар