Нутела фрапучино со само 3 состојки

Заблажете си го денот…

Потребни состојки:
За кремот:
  • 150 грама Нутела
  • 60 милилитри топло млеко со пена
За кафето:
  • 2 дози еспресо, смрзнати во мали ледени коцки
  • 170 милилитри оладено млеко со пена
  • 100 грама Нутела
  • 1 кафена лажичка ванила (по желба)
  • 1-2 супени лажици сируп од агаве (по желба)
За декорација:
  • Шлаг пена (по желба)
Начин на подготовка:
За кремот:

Ставете ја Нутелата во еден сад и додајте го топлото млеко, па мешајте додека не добиете мазен сос. Ако смесата ви е премногу густа, слободно додајте повеќе млеко.

За кафето:

Ставете ги млекото и Нутелата во блендер. Матете неколку секунди, односно додека тие целосно не се соединат. Потоа, додајте ги ледените коцки, заедно со сирупот од агаве и ванилата и матете на висока брзина додека ледот целосно не се искрши. Додајте дополнително млеко само доколку има потреба од помош за кршење на ледот.

Декорација:

Сипете малку од кремот во внатрешноста на чашата во која ќе го сервирате пијалакот и потоа додајте го и фрапучиното. За крај, ставете шлаг пена и врз неа сипете го кремот. Додајте и цевка.

Пробајте ја и оваа вкусна торта со банана и Нутела што лесно можат да ја подготват дури и почетниците.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар