Кофеински пунч за незаборавни предновогодишни викенди

Зачинете го вашиот нов омилен алкохолен пијалак

Потребни состојки:
  • 4 јајца
  • 2 супени лажици лимонов сок
  • 1/8 кафена лажичка сол
  • 120 милилитри слатка павлака
  • 900 милилитри млеко
  • 2 супени лажици инстант кафе во гранули
  • 60 грама кафен шеќер
  • 1/4 кафена лажички цимет во прав
  • Шлаг пена (за гарнир)
  • 120 милилитри бурбон
Начин на подготовка:

Изматете ги првите четири состојки, околу 1-2 минути. Кога ќе добиете мека, но густа смеса, престанете.

Комбинирајте ги сите останати состојки со смесата со јајца (освен гарнирот) и ставете ги во блендер. Матете на ниска брзина сè додека не се разложат гранулите кафе. Ставете го пијалакот во фрижидер и оставете го да отстои неколку часа. Извадете го од фрижидер, сипете го во чаша за послужување и декорирајте со шлаг пената и прстофат цимет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар