Филм: Смртоносни машини (Mortal Engines)

Филм: Смртоносни машини (Mortal Engines)

Во постапокалиптичен свет, каде што градовите се движат на тркала и се консумираат помеѓу себе за да преживеат, две личности се среќаваат во Лондон за да се обидат да сопрат заговор

Режија: Кристијан Риверс

Улоги: Хера Хилмар, Роберт Шихан, Хјуго Вивинг

Времетраење: 128 минути

Премиера: 13 декември 2018

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Смртоносни машини е адаптација на серијата книги од Филип Рив, и е нешто што досега без сомнение немате видено на големото платно. Настаните се развиваат во каллива пустина каде што луѓето едвај наоѓаат храна и гориво. Да, оваа околина можеби малку наликува на филмот „Лудиот Макс“ (Mad Max), но приказната е далеку поуникатна. И ако добро размислите, веднаш ќе сфатите дека може да биде и алегорија за начинот на руралните области се постојано заплашувани од урбаната доминација, во нашата сегашна реалност.

Дејството се одвива во далечна иднина, после војната позната како „60 минути“ која го довела човештвото до работ на своето истребување, а светските метрополи избегале од своите локации. Да, добро прочитавте. Во оваа замислена иднина, постојат градови-предатори што демнат на тркала и ги „консумираат“ малите гратчиња, притоа асимилирајќи ја целата популација и сè што тие поседувале. Така и почнува овој филм – во првата сцена гледаме како Лондон „голта“ мало баварско рударско гратче.

Како што веќе спомнав, соголениот свет на Смртоносните машини умира, и човештвото е на работ на изумирање поради сопствената ароганција. И покрај сè, оваа ароганција сè уште е доминантна. Тоа можете да го забележите во решителноста на секој град да ја оствари својата замислена судбина да стане алфа предатор во светот на „општински Дарвинизам“. Гледајќи го овој филм, вие ќе се чувствувате како постојано да седите на работ од столчето, бидејќи со секоја минута ќе станува многу повозбудлива авантура!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар