6 изненадувачки психолошки причини зошто некој би се вљубил во вас

6 изненадувачки психолошки причини зошто некој би се вљубил во вас

Љубовта е мистериозна и комплицирана. Ако се обидувате да ја сфатите можете да полудите. На крај ќе се чувствувате како да сте повторно на почеток. Психолозите идентификувале неколку изненадувачки причини за тоа зошто луѓето се вљубуваат.

6-iznenaduvachki-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoj-bi-se-vljubil-vo-vas

1. Премногу сте слични

И покрај веќе старото „спротивностите се привлекуваат“, изгледа дека сличностите предизвикуваат посилна привлечност. Истражување од 2007-ма година открило дека сличностите кај партнерите им помагаат подобро да се разберат. Поради ова посилно и побрзо се поврзуваат.

2. Поврзани сте на 3 генерациски нивоа

Психологот Ерик Берн смета дека најуспешните парови се поврзуваат на три разни генерациски или нивоа на егото:

  • Родител: Она што сте научени
  • Дете: Она што сте почувствувале (минати искуства)
  • Возрасен: Она што сте научиле

Колку повеќе од овие нешта се совпаѓаат, толку сте покомпатибилни.

3. Долго се гледате во очи

Едно истражување ги замолило испитаниците да соработуваат и да се гледаат во очи неколку минути. Изненадувачки, но тие откриле дека продолженото гледање во очи ја има моќта да нè поврзе и да развие чувства како привлечност и љубов.

Друго истражување од 2014-та година открило дека начинот на којшто го гледаме нашиот партнер може да покажува љубов наспроти страст.

4. Се грижите за околината

Чудно, но изгледа дека грижата за околината може да ви помогне да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Истражување од 2016-та година покажало дека оние кои се грижат за природата биле доживувани како попривлечни и од двата пола.

5. Се вртите кон наместо од

Една од најчудните причини е тоа дали се вртите кон или спротивно од партнерот, и тоа колку често. Психологот Џон Готман ги истражувал интимните врски над 40 години и ги забележал овие моменти. Ова се моменти на присуство и споделена социјална интеракција. Секогаш кога комуницирате имате можност да создадете посилна врска и да ја развиете љубовта.

Па, како реагирате кога партнерот ви раскажува нешто? Дали го слушате со ентузијазам и поставувате прашања, или се вртите на другата страна и не обрнувате внимание? Можеби изгледа безначајноно, но овие гестови или ја зајакнуваат или ја ослабуваат вашата врска.

6. Имате куче

Кучето ви носи дополнителни поени, особено на мажите. Истражување од 2008-ма година следело 20-годишно момче кое се обидувало да добие што е можно повеќе телефонски броеви од девојки додека шетало со куче. Откриле дека кучето му помогнало во социјалните интеракции и ги зголемувало шансите да добие број. Истиот резултат го добило и истражување од 2014-та година. Во истражувањето на жени им биле покажувани разни мажи, а тие сметале дека подобри партнери се оние со кучето.

Знаете и кои се 3-те фази на вљубување кај мажите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар