Најпознатите пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

Најпознатите пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

Иако воздушниот сообраќај е можеби најбезбеден, многумина се чувствуваат непријатно додека летаат. Често гледаме фотографии од срушени авиони, па помислуваме на најлошото. За среќа постојат неверојатни пилоти чии херојски подвизи ќе ви помогнат да се чувствувате побезбедно. За да бидете пилот потребно е да бидете прибрани и смирени, и тоа и во најекстремни услови и опасности. Па, ова се тројцата пилоти херои за кои би требало да знаете.

1. Теми Џо Шулц

Тројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

Летајќи од Њујорк кон Далас на 18-ти април, 2018-та година, Југозападниот лет 1380 налетал на неволја само 20 минути по полетувањето. Одеднаш откажал левиот мотор, па метално парче го скршило прозорецот на ред број 18 и авионот се навалил за 40 степени.

Додека патниците паничеле и биле спуштени маските со кислород, патничката Џенифер Риордан била „вшмукана“ од скршениот прозорец. Останатите патници реагирале навреме и успеале да ја вратат назад. Но за жал, Џенифер подоцна им подлегнала на повредите.

И покрај ужасните услови, капетан Теми Џо Шулц веднаш почнала да комуницира со контролата на земјата за да обезбеди безбедно слетување. Таа успешно го слетала оштетеното летало во Филаделфија.

Кога се појавиле вестите за несреќата, кон неверојатната пилотка биле покажани многу благодарности и љубов. 56-годишната Теми покажала неверојатна храброст и поддршка кон патниците со кои и лично се поздравила по слетувањето на авионот. Теми почнала да управува комерцијални авиони по успешна кариера како еден од првите женски воени пилоти.

2. Челси „Сали“ Суленбергер

Тројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

Челси е еден од најславните пилоти по неговото неверојатно слетување на американскиот лет 1549 на реката Хадсон на 15-ти јануари 2009-та година.

Само што полетал од Њујорк, авионот бил онеспособен од огромно јато канадски шатки. Без речиси никаква моќ во моторите и во неможност да се врати на аеродромот, Челси се упатил кон реката Хадсон и успешно го слетал авионот во водата. Сите 155 патници и целиот екипаж преживеале. Капетанот го напуштил авионот дури откако се осигурил дека сите се безбедни. Во негова чест е направен и филм во 2016-та година – „Сали“ (Sully).

3. Диетер Денглер

Тројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

Роден во Германија во 1938-ма година, Диетер бил пилот на морнарицата на САД, ветеран од Виетнамската војна и воен затвореник. Само еден ден од почетокот на мисиите во Виетнам, Диетер бил соборен поради неколку компликации. И покрај неговиот напор, денот по рушењето на неговиот авион тој бил заробен од непријателите и поминал 6 месеци како воен затвореник. Бил мачен и страдал од болести и глад.

Откако слушнал како чуварите разговарале за тоа дека ќе го убијат него и другите затвореници, Диетер и 7-те затвореници ги нападнале чуварите и избегале во џунглата. Диетер бил единствениот преживеан и бил спасен по 23 денови во џунглата.

По бегството бил поздравуван како херој, а направени се многу филмови и документарци кои ја прикажуваат неговата авантура и закрепнувањето. Диетер продолжил да лета уште неколку години и преживеал 4 несреќи како тест пилот.

Дали сте слушнале за овие женски воени херои?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар