5 опасни женски воени херои за кои немате слушнато, а треба да ги знаете!

5 опасни женски воени херои за кои немате слушнато, а треба да ги знаете!

Има милиони луѓе кои учествувале во воени битки, но само на неколкумина од нив им ги знаеме имињата. Ги знаеме Ханибал, Наполеон… но има безброј други кои го ризикувале, а понекогаш и го дале својот живот за нивната земја. Додека многу херои ги нема во учебниците за историја, поголем е бројот на женските херои за кои нема од каде да слушнете. Еве 5 од нив кои навистина заслужуваат признание.

1. Кристина Скарбек

(1)5-opasni-zhenski-heroi-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Скарбек била богата Еврејка од Полска која била шокирана од омразата на Германците кон луѓето. Иако таа и нејзиниот сопруг биле во Етиопија кога почнала Втората светска војна, тие одлучиле да се вратат и не само да им се придружат, туку и да формираат бунтовнички групи. Тие го постигнале ова така што отишле во Лондон и ја убедиле британската тајна служба дека можат да помогнат. Скарбек била уапсена во 1941 година, но набрзо била ослободена бидејќи успешно лажирала дека е болна од туберкулоза. Потоа отишла во Франција и работела како курир и се договарала за ослободување луѓе. Со неколку зборови, секојдневно го ризикувала својот живот.

2. Зоја Космодемјанска

(2)5-opasni-zhenski-heroi-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Кога Германија се свртила кон Русија во Втората светска војна, Зоја ѝ се приклучила на Црвената армија како диверзант. Нејзината работа била да ги обиколува германските војници кои ѝ се приближувале на Москва. Таа поставувала нагазни мини и правела сè што можела за да ги отсече Германците од нивните залихи. Таа палела штали и други важни градби, сè со цел да ги лиши Германците од нив. Со текот на времето била заробена од Германците кои ја убиле. Постхумно, Русија ја прогласила за херој на Советскиот Сојуз.

3. Ненси Вејк

(3)5-opasni-zhenski-heroi-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Ненси била родена во Нов Зеланд, пораснала во Австралија и работела како новинар во Њујорк и Лондон. Потоа се омажила и се преселила во Марсеј. Кога германските тенкови стигнале во Франција, Вејк веднаш му се придружила на францускиот отпор. Таа криела борци во нејзината куќа, па дури и шверцувала документи и залихи. Кога ја бркале Германците, привремено избегала во Англија. Брзо била обучена и со падобран се вратила во Франција за повторно да му се придружи на отпорот. Германците ја нарекувале Белиот глушец, но таа била сè освен тивка. За жал, открила дека Гестапо го убил нејзиниот сопруг додека била надвор. Но, таа продолжила да се бори до крајот на војната.

4. Наталија Пешкова

(4)5-opasni-zhenski-heroi-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Пешкова ѝ се приклучила на Црвената армија кога имала само 17 години. Таа била обучена да користи оружје, но нејзината главна задача била да се грижи за ранетите војници. Со тоа што била толку блиску до бојното поле, таа секојдневно била изложена на ризик. Исто така, била одделена од својата единица и морала да се прикрадува низ опасни територии за да им се придружи на своите соборци.

5. Сузан Траверс

(5)5-opasni-zhenski-heroi-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Сузан била богата Британка кога започнала Втората светска војна. Како и многу храбри жени, таа веднаш отишла на обука за медицинска сестра. Останала во Франција додека Германците не ја презеле, а потоа побегнала во Лондон. Оттаму, се вратила назад на бојното поле во Северна Африка. Кога нејзината единица била опколена, многу од жените биле евакуирани. Сузан одбила да оди и останала со мажите под опсада. Кога паднала ноќта, Траверс и 2.500 војници успеале да избегаат со автомобили. Нејзините подвизи ѝ ја заработиле почитта од сите мажи со кои работела.

Погледнете ги и овие споменици кои се подигнати во чест на моќни жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар