Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled)

Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled)

Френк Мартин, познат и како Транспортерот, ќе биде вовлечен во ризична мисија која ја водат 4 решителни девојки, подготвени да срушат една од најголемите криминални организации…

(1) Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled)Режија: Камил Деламар

Улоги: Ед Скраин, Лоан Чебанол, Реј Стивенсон

Времетраење: 96 минути

Јазик: англиски

Премиера: 4 септември 2015

Жанр: акција, криминал, трилер

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 8,40 од 10)
Loading...

Френк Мартин, кој во овој филм го игра Ед Скраин, бил поранешен оперативец кој денес води мирен живот. Барем тој така верува. Неговата работа е да превезува класифицирани пакети без да знае што има во нив, ниту пак за кој го прави тоа. Во случај да биде фатен на дело, тоа е еден начин на кој тој се заштитува од каква било вина. Но, кога една прекрасна девојка ќе му пристапи, барајќи ја неговата помош, тогаш одеднаш сè тргнува во погрешна насока. Ана (Лоан Чебанол) и нејзините 3 заводливи пријателки организирале една од најголемите измами со цел да му се одмаздат на човекот кој ги заробил во светот на проституцијата, но никогаш не би можеле да го изведат сè тоа сами. Токму затоа и го принудуваат Френк да им помогне, киднапирајќи го неговиот татко како осигурување дека тој нема да ги остави.

(2) Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled) (3) Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled)

Ова е еден од оние филмови кои изобилуваат со борби, брзо возење и пукање, па бидејќи акцентот е целосно ставен на сцените со акција има недостаток од дијалог. Тоа води кон приказна која е површна, прилично проѕирна, на моменти дури и нелогична, па затоа и нема да ви биде тешко да предвидите што ќе се случи до крајот на секоја од сцените. Главните улоги им припаѓаат на нови и свежи актери, кои лесно се забележува дека сè уште учат како да глумат, па токму затоа и помалку се чувствува хемијата помеѓу нив. Особено меѓу Ана и Френк, кои флертуваат во текот на целиот филм. Но, овие нешта не значат дека треба целосно да го отпишете овој филм и воопшто да не го гледате. Како и секоја друга акција, има сцени кои се навистина добри и кои ќе направат да уживате во филмот.

(4) Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled) (5) Филм: Транспортер: Надополнет (The Transporter Refueled)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар