ТВ серија: Без граници (Limitless)

ТВ серија: Без граници (Limitless)

Што би направиле ако имате пристап до сите можности кои ви ги нуди вашиот мозок?

(1) ТВ серија: Без граници (Limitless)Главни улоги: Џејк Мекдорман, Џенифер Карпентер, Хил Харпер

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатор: Крег Свини

Премиера: 22 септември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 8,80 од 10)
Loading...

Станува збор за телевизиска адаптација на добро познатиот филм „Limitless“ од 2011 година. Токму затоа и Бредли Купер накратко се појавува, укажувајќи ни на одличен почеток на оваа нова ТВ серија. Главната улога му припаѓа на Џејк Мекдорман, кој уште веднаш може да се забележи дека одлично се снаоѓа во чевлите на својот лик, Брајан Финч. Обично во ваквите ТВ серии на актерите им е потребно време за да се соживеат со својата улога, но овој пат таа фаза е целосно прескокната. Можеме слободно да кажеме дека актерот е како измислен за својата нова улога.

(2) ТВ серија: Без граници (Limitless) (3) ТВ серија: Без граници (Limitless)

Приказната започнува така што ни го покажува секојдневието на Брајан Финч, музичар чиј живот му поминува пред неговите очи. Тој верува дека сите околу него направиле нешто значајно со себе, за разлика од него кој изгледа како со години да тапка во едно место. Откако неговиот татко ќе се разболи, а докторите нема да можат да најдат што му се случува, Брајан уште повеќе ќе заглави, не знаејќи што попрво да направи за да помогне. Но, сè ќе се промени откако тој ќе налета на еден од неговите стари пријатели.

(4) ТВ серија: Без граници (Limitless) (5) ТВ серија: Без граници (Limitless)

Илај, пријателот на Брајан, сакајќи да му помогне ќе му даде апче чија цел е да направи тој да функционира подобро. Со ова апче, тој ќе работи побрзо, ќе размислува подобро и ќе може повторно да се врати на создавање негова музика. На некој начин ќе добие поттурнување за да се врати во својот живот. Брајан по мало двоумење ќе реши да проба и многу набрзо ќе сфати дека ова апче прави многу повеќе отколку што Илај му кажа. Тоа целосно го активира неговиот мозок, отворајќи пред него свет без граници…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар