Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)

Џон Конор го праќа Кајл Рис назад во 1984 за да ја заштити Сара Конор, но ништо не е онака како што треба да биде…

(1) Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)Режија: Алан Тејлор

Улоги: Арнолд Шварценегер, Емилија Кларк, Џеј Кортни, Џејсон Кларк

Времетраење: 129 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 јули 2015

Жанр: акција, научна фантастика

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8.43 од 10)

Loading...

Доколку сте љубители на франшизата Терминатор, тогаш овој филм без сомнение ќе ви стане најдобриот дел досега. Тимот од актери е одлично избран, па додека го гледате едноставно нема да можете да не помислите дека тие се совршени за својата улога. Шварценегер како и секогаш е незаменлив Терминатор, но во овој дел тој малку се разликува од останатите. Да не го познаваме, би рекле дека тој покажува човечки емоции.

(2) Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)

Настанот започнува во иднината, кога по финалната битка Џон Конор (Џејсон Кларк) ќе го испрати Кајл Рис (Џеј Кортни) во 1984 година со цел да ја заштити неговата мајка, Сара Конор (Емилија Кларк), од Терминаторот. Но, она што никој не го знае е дека минатото е целосно сменето и дека веќе воопшто не е онака како што Џон го памети. Кајл ќе очекува Сара да е млада и слаба девојка, келнерка, чија најголема грижа е плаќање на сметките. Џон ќе му каже дека таа не е воинот кој сите добро го познаваат и дека треба да направи сè што може да ја заштити и да ја предупреди за иднината. Наместо тоа, тој ќе налета на силна девојка која знае да се грижи за себе и која нема потреба од неговото спасување.

(3) Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)

Но, она што е уште поинтересно е дека таа покрај себе има Терминатор (Арнолд Шварценегер), кој ја спасил како мала и оттогаш ја штити од сè и секого. Тој ја научил како да преживее и ѝ покажал што треба да направи за да помогне при спасувањето на иднината. Сара ги знае работите пред да се случат, па токму затоа е и решена да го спречи самиот Суден ден. Но, поради влијанието од сите промени на временската линија досега, нештата се многу изменети, па и самиот Суден ден има нова дата и нов облик…

(4) Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)

Филмот има одлична доза хумор, која без сомнение ќе ве натера инстантно да го засакате Терминаторот (како би можеле да не го сакате, кога тој сега знае како да се смее… до некаде), но истовремено е и исполнет со многу акција која ќе ве држи на работ од столот. Накратко, ако имате слободно време викендов, не пропуштајте да го гледате ова одлично продолжение кое најверојатно ќе биде и последното.

(5) Филм: Терминатор Генесис (Terminator Genisys)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар