ТВ серија: Компликации (Complications)

Кога спасувате животи, понекогаш има и компликации…

(1) ТВ серија: Компликации (Complications)Главни улоги: Џејсон Омара, Џесика Сор, Бет Рисграф,

Жанр: драма

Креатори: Мет Никс

Премиера: 18 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 8.50 од 10)

Loading...

Џон Елисон (Џејсон Омара), доктор кој работи во итна медицинска помош, ќе биде сведок на пукање каде што ќе го спаси животот на едно мало дете така што ќе убие еден од напаѓачите. Откако живот на Антоан ќе биде стабилизиран, Џон ќе добие повик неговиот татко, Изи, кој е во затвор. Изи ќе побара од него да се погрижи син му да преживее бидејќи во спротивно тој ќе го одземе неговиот живот.

(2) ТВ серија: Компликации (Complications) (3) ТВ серија: Компликации (Complications)

Џон мора да работи надвор од границите на законот со цел да го извлече младиот Антоан безбедно од болницата и за да успее во тоа ќе побара помош од младата медицинска сестра Гречен (Џесика Сор). Сè што потоа ќе се случи ќе доведе до сомнежи во полицијата дека Џон е на некој начин вмешан во војната која се води помеѓу двете банди кои се ривали. Токму затоа тој мора да најде баланс помеѓу својата работа да спасува животи и наметната мисија да го одржи Антоан во живот сè додека неговата состојба не се подобри.

(4) ТВ серија: Компликации (Complications) (5) ТВ серија: Компликации (Complications)

Оваа ТВ серија е исполнета со многу акција, но и со многу силни емоции. Навраќањето на настаните пред пукањето ни покажува како секој од ликовите стигнал до она што во моментов е, додека сегашните настани ни откриваат како секој од нив се справува со моменталната ситуација. Исто така оваа е и една од оние приказни кои ни покажуваат дека надворешната маска на луѓето најчесто воопшто не соодветствува со она што го чувствуваат внатре, па токму затоа и многу лесно може да се дојде до погрешен заклучок…


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар