Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

„Забавата која не смеете да ја пропуштите“

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)Режија: Хармони Корин

Улоги: Џејмс Франко, Ванеса Хаџенс, Ешли Бенсон, Рејчел Корин, Селена Гомез

Времетраење: 94 минути

Јазик: англиски

Премиера: 22 март 2013

Жанр: драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (111 гласа, просек: 7,77 од 10)
Loading...

Кенди, Брит, Коти и Фејт се пријателки уште од градинка, а денес веќе се студентки кои се гушат во секојдневната рутина во животот. Сакаат да земат здив од сето тоа, а пролетниот распуст е идеалната можност која ја чекаат.

„Преку глава ми е да ги гледам постојано истите работи. Тука сите се за никаде затоа што ги гледаат истите работи секој ден, се будат во истиот кревет, истите депресивни улични светилки, една бензинска станица, тревата, која не е ни зелена, туку кафеава. Сè е едно исто и сите се тажни. Не сакам да завршам како нив. Мора да излезам од овде. Ова е повеќе од пролетен распуст. Ова ни е шансата да видиме нешто поразлично“. – Фејт

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

Немаат доволно пари за скапите журки на Флорида, но откако Кенди, Брит и Коти ќе ограбат фаст фуд ресторан тие веќе не се проблем. Веќе во следниот момент се на плажите во Флорида, а тоа за нив е екстаза. Илјадници добро градени момци на убавите плажи, уште толку згодни полуголи и голи девојки, алкохол во шишиња и буриња без дно, дрога, музика, танцување… забави какви што претходно виделе само на телевизија.

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

Се забавуваат како никогаш порано, сè додека не бидат приведени во полициска рација. Нема да останат долго во притвор, затоа што локалниот рапер и гангстер Алиен им ја плаќа кауцијата и ги вади оттаму. Познанството со гангстерот на девојките им отвора уште повеќе можности за дива забава, но само ако се спремни да одат доволно далеку во потрагата по авантура која ќе ја паметат целиот свој живот.

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

Токму последното прашање е суштината на филмот. Иако започнува со сцени од диви забави на кои секој би сакал да присуствува, а низ сите 94 минути прекрасни девојки во бикини или топлес ви шетаат по екранот, ќе останете многу разочарани ако мислите дека овој филм е прослава на спринг брејк културата, а вие сте сакале баш тоа да гледате.

Тој се бави со темната страна на искуствата кои индустријата ги опишува како „забави кои се најдобри на светот и никаде на друго место нема такви, а ако не дојдете овде никогаш нема да доживеете ништо слично и ќе пропуштите нешто многу битно во животот поради кое ќе жалите засекогаш“. Главните ликови се девојки кои доаѓаат од мало и за нив здодевно место, кои на ЕмТиВи, Фешн ТиВи и сличните телевизии гледаат дека постојат скапи места и забави „кои секој мора да ги доживее“, почнуваат песимистички да гледаат на својот живот, паѓаат во очај и бараат брз излез.

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

Насловните слики ги тераат гледачите да го гледаат филмот од погрешни причини. Навистина, изобилува со голотија и со екстатични сцени, но во еден момент ќе ве тера да сакате да сте таму, а во следниот ќе се прашувате зошто овие девојки толку очајно посакуваат да го живеат тој живописен сон со сиот свој интензитет. Филмот тоа го постигнува преку својата бавност, специфичниот начин на раскажување на случувањата, одличните изведби на актерите и музиката на Бритни Спирс.

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

„Девојки на распуст“ не е лесен летен филм и има малку акција. Не го пуштајте ако сакате да гледате некој таков, затоа што може да го замразите. Но пожелно е да го погледнете во секоја друга пригода, затоа што ќе ве натера на размислување за секојдневна тема која малкумина ја сфаќаат како проблем.

Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Andjela Reply

    Nemoj slucajno da ste se zeznale da go gledate filmov, podosaden i poglupav zdravje!!!

Напиши одговор на Andjela Откажи одговор