Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка

Во Флорида наскоро ќе започнат со изградба на подводен јавен парк наречен ReefLine, кој ќе се протега на дури 11,2 километри во водите околу плажата Мајами.

Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка

Идејата за подводниот парк е идеја на аргентинската уметничка Химена Каминос, која сакаше да ги посочи проблемите поврзани со климатските промени, топењето на ледените капаци, уништувањето на флората и фауната во морињата и океаните, но и промовирањето на биодиверзитетот. Покрај тоа, паркот вклучува вештачки корален гребен дизајниран да ги заштити загрозените морски организми и да го зајакне брегот на Мајами.

Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка

Паркот ќе го гради архитектонското студио ОМА во соработка со морски биолози, инженери и истражувачи на просечна длабочина од околу шест метри, а првиот кој ќе биде долг 1,6 километри треба да биде отворен за јавноста веќе во декември следната година.

ReefLine треба да биде Мека за љубителите на нуркањето кои ќе можат да уживаат во спектакуларните природни убавини, но и скулптурите и разните уметнички инсталации што ќе бидат поставени во подводниот парк.

Погледнете го ова прекрасно езеро со необична боја каде што и вие ќе сакате да си направите неколку фотки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар