Топлo чоколадo со шлаг од кокос како омилен пијалaк оваа зима!

Веганскиот пресврт на топло чоколадо е идеален за загревање во ладните денови. Со додавање на зачини како цимет, морско оревче, сушен портокал, ѓумбир – ова топло чоколадо ќе донесе насмевка на вашето лице.

Топлo чоколадo со шлаг од кокос како омилен пијалaк оваа зима!

Потребни состојки:

  • 370 милилитри кокосово млеко (од конзерва)
  • 250 милилитри бадемово млеко
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 50 г црно чоколадо
  • 2 лажички пченкарен скроб (густин)
  • 4 лажици вода
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка сол
  • зачини по желба: цимет, морско оревче, ѓумбир …
  • кремот од конзерва кокосово млеко

Начин на подготовка:

  1. Од конзервата кокосово млеко (кое беше во фрижидер) извадете две лажици од цврстиот дел. Остатокот измешајте го со течноста од конзервата и ќе добиете густо млеко.
  2. Ставете го добиеното млеко во тенџере заедно со бадемовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, црното чоколадо, солта и ванилата. Мешајте додека не зоврие.
  3. Измешајте го скробот со вода додека не се раствори во водата, а потоа додадете во зовриената смеса и мешајте уште една минута.
  4. Изматете го кремот од кокос што првично го извадивте. Ако сакате, додадете малку екстракт од ванила и промешајте една минута.
  5. Сервирајте го топлото чоколадо во чаши, додадете го добиениот шлаг и изрендајте го чоколадото.

Прочитајте за оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар