Филм: Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

Филм: Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

Дедо Мраз ќе мора да го спаси Божиќ со помошта на брат и сестра откако ќе има неочекувана несреќа со неговата санка

Режија: Клеј Кејтис

Улоги: Курт Расел, Кимберли Вилијамс-Пејзли, Џуда Луис, Дарби Кемп

Времетраење: 134 минути

Премиера: 22 ноември 2018

Јазик: англиски

Жанр: комедија, авантура, семејство

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Ако веќе почнувате да ја чувствувате новогодишната и божиќната атмосфера, тогаш имаме одличен филмски предлог за вас! Овој филм на Нетфликс во којшто Курт Расел ја има главната улога, односно го претставува Дедо Мраз, ќе ве насмее до солзи додека истовремено и ќе ве натера да верувате во најпознатиот дедо на светот. И не само тоа, туку и ќе ви ја врати новогодишната и божиќната магија и во вашиот дом.

Приказната започнува со видео снимки од среќно четиричлено семејство – татко, мајка и две деца – брат и сестра. Но, снимките завршуваат по Божиќ во 2017 година, односно по смртта на таткото. Клер (Кимберли Вилијамс-Пејзли), Теди (Џуда Луис) и Кејт (Дарби Кемп) мора одново да научат како да живеат без нивниот сакан Даг (Оливер Хадсон), и да се изборат со тагата што ја чувствуваат во себе. Овој процес е влошен по различните несогласувања меѓу нив, како и поради бунтувањето на Теди кој веќе е тинејџер.

Но, нештата брзо ќе се променат откако малата Кејт ќе открие на снимката од претходниот Божиќ доказ за постоењето на Дедо Мраз. Таа ќе го натера нејзиниот брат Теди да ѝ помогне да направи подобра снимка оваа година и конечно да го разоткрие неговото вистинско лице. Скептичниот Теди ќе реши да ѝ помогне, но ниту на крај памет нема да му падне дека тие навистина ќе го снимат Дедо Мраз во нивниот дом. И не само тоа. Сакајќи да дознаат нешто повеќе за него, ќе влезат во неговата санка и… па, така ќе започне најголемата авантура на нивниот живот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар