Доаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!

Доаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!

Веќе е добро познато дека ги обожаваме најавите за нови филмови. Така, овој пат станува збор за филмот „Malcolm & Marie“ со Зендаја во главната улога, па не се сомневаме дека и остатокот од екипата е исто толку одличен.

Зендаја е актерка од помладата генерација која веќе нè освои со своите актерски способности во популарната серија „Euphoria“ за која, исто така, беше наградена со престижната награда „Еми“. Сепак, оваа перспективна актерка сега ќе ја видиме во филм во улогата на Мари, која заедно со своето момче Малком се соочуваат со разни пречки во врската и со сè што ќе донесе таа. Веќе има многу предвидувањата дека филмот ќе добие номинација за Оскар, па ако навистина е така, Зендаја има можност да биде номинирана во дури две престижни категории. Станува збор за филм за љубовта и за сите пречки, но и за убавите моменти што таа ни ги носи.

Прочитајте и за „Death to 2020“: Новиот филм за кој сите зборуваат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар