За девојките со тенка коса: 5 супер трикови кои ќе ви помогнат да го добиете посакуваниот волумен

Единствена предност во врска со тенката коса е тоа што се суши брзо откако ќе ја измиете. Но, кога имате ваков тип коса, мора да бидете креативни ако сакате да добиете фантастичен волумен. А ние успеавме во тоа, следејќи ги овие трикови. Погледнете кои се тие трикови, кои ќе ви помогнат да го добиете потребниот волумен и кои се прифатени дури и од најпознатите уредници за убавина.

1-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

1. Сенка за очи – пополнување на видливиот скалп

Користејќи кратка и рамна четка за нанесување сенка за очи, лесно потполнете ја со боја кожата на челото каде што ви расте косата, но и патецот, за визуелно да создадете слика дека имате повеќе коса. Сигурно ќе пронајдете боја која совршено ви одговара, само ви е потребно малку трпение додека не ја пронајдете вистинската помеѓу останатите неутрални бои. За оваа намена исто така може да ви послужи и пудрата за веѓи, а најважно е да биде мат нијанса, бидејќи сјајниот корен ќе ја уништи илузијата.

2-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

2. Стилизирајте ја во правецот на нејзиниот раст

Секој чекор што ќе го направите, кога ја стилизирате тенката коса, би требало да оди нагоре. Кога ја сушите косата, чешлајте го коренот нагоре и што подалеку од скалпот, а ова исто важи и кога ја исправувате косата со преса. Кога ја фенирате, поместувајте ја во спротивната страна, наместо во онаа која најчесто ја користите. Префрлете ја наназад, ако сакате додатен волумен. Дури и предметите што ги користите за стилизирање на косата можат да направат разлика. Со кружна четка можете повеќе да ја подигнете косата и да додадете волумен. Само внимавајте да не ја влечете премногу, бидејќи на тој начин ќе го растегнете и тој мал волумен што таа природно го има.

3-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

3. Ставајте шампон за суво миење на косата

Секогаш избирајте шампон за суво миење на косата со ефект за зголемување на волуменот, но нанесувајте го пред спиење за подобри резултати. Додека спиете, мрдајќи се во сон, вие ќе го „туркате“ шампонот во коренот на косата, без нанесување додатни маснотии од кожата кои ја мрсат вашата коса и ја прават уште повеќе опуштена, бидејќи нема да ги употребувате прстите. Најважна е техниката на нанесување. Жените со тенка коса мора да го ставаат сувиот шампон во слоеви. Започнувајќи од врвот на главата, подигнете мал дел и нанесете го, потоа земете уште еден мал дел покрај претходниот и продолжете да правите така со останатата коса. За крај, оставете перницата да ја заврши останатата работа наместо вас.

4-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

4. Употребите шноли за вашето коњско опавче

Опуштеното коњско опавче е „тажно“ опавче. За да го направите визуелно побујно, вкрстете две шноли под опавчето, веднаш под неговиот корен. Овој трик ќе му даде бујност на вашето опавче и ќе го намалите ризикот за отпуштање на фризурата во текот на денот.

5-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

5. Додајте шнола во вашата фризура

Коњското опавче кое е подигнато со нешто е супер идеја, а ако со тоа имате тенка коса, тогаш е уште подобро. Сè што ви е потребно за да го поткренете е една мала шнола. Хоризонтално поделете го вашето опавче на три дела, а шнолата ставете ја под првата третина. Косата ќе падне преку шнолата и нема да се гледа, а вие ќе имате сјајно и бујно, коњско опавче.

6-za-devojkite-so-tenka-kosa-5-super-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-go-dobiete-posakuvaniot-volumen-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар