Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

Неговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

После 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

Откако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Samo jas Reply

    ееех парите шо можат да напрат ха бе
    кој било нека е немора да е дизајнер, архитект само кеш и се е можно!

Напиши одговор на Samo jas Откажи одговор