Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век - Part 2

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

6. Мулан како војник

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Мулан сакала да ги следи стапките на нејзиниот татко и да се запиши на воената академија. Но, имала еден проблем: академијата била само за момчиња. Со помош на нејзиниот тренер Мушу, Мулан се преправила како момче и се пријавила. Со тек на време ја откриле, но таа со нејзината храброст и интелигенција докажала дека може да биде одличен војник и поради тоа академијата почнала да прима и девојки.

7. Тијана како претприемач

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Тијана е на листата на 25-те најуспешни претприемачи кои имаат помалку од 25 години. Таа е најмладиот сопственик на ресторани, кои се распространети низ целата држава. Тие се познати по вкусните домашни рецепти и неделните џез свирки.

8. Убавицата како фан

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Убавицата ги сака книгите и добро напишаните ликови и е опседната со ТВ серии и филмови. Таа има свој профил на Тамблр каде постојано ги изнесува своите мислења.

9. Јасмин како блогер за патувања

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Јасмин сака да го истражува светот и нејзиниот омилен дел од секое патување е моментот кога ќе гледа низ прозорчето од авионот во бескрајното ѕвездено небо. Таа исто така студира ветеринарство и е заштитник на правата на животните. Природно, Јасмин има 5 мачки.

10. Џејн како уметник

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Според Аноша, Џејн Портер само што дипломирала на научниот институт Св. Мартин и татко ѝ ја повикал да му помогне во неговото истражување на африканските горили во дождовната шума во Конго. Едно е да ја помине годината цртајќи животни во зоолошката градина, а друго е да го остави нејзиниот живот во Лондон и да оди во опасната џунгла каде ќе биде лице в лице со сите опасни ѕверови и каде постои можноста да се загуби засекогаш… Џејн не може да дочека да тргне.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар