Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

Нема потреба да верувате во астрологијата за да уживате во овие неверојатни илустрации направени од Емили Петерсмарк. Вo 2017-та година еден бенд ја замолил да направив 12 постери според хороскопските знаци во текот на една година. Емили ги замислила сите знаци како митски божици.

„Искрено, до овој проект не знаев ништо за хороскопот. Понекогаш си го читав мојот, но тоа беше тоа. Бендот, The Accidentals, ми се пријатели со години и навистина бев возбудена што имав шанса да ги поддржам. “

Уметницата изјавила дека проектот бил и возбудлив и предизвикувачки. Таа е член на друг бенд, наречен Crane Wives, па понекогаш ѝ било навистина тешко да твори додека биле на турнеи.

„Беше навистина интересно да го истражувам секој знак. Некои луѓе се поврзуваат со нивните знаци на многу длабоко лично ниво. Интересно е да видите со што се идентификуваат луѓето.“

Овен

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Овој дизајн требаше да биде порасната верзија од Девица – сакав да претставам позрела верзија во тој постер. Се обидов да ѝ дадам малку див изглед.“

Бик

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Овој постер е инспириран од активистката Ема Гонзалез. Сакав Бикот да изгледа силно.“

Близнаци

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Бендот беше на турнеја на запад овој месец, па за тема ја одбрав пустината. За овој знак ми требаше време да го направам бидејќи сакав Близнаците да изгледаат навистина моќно. Сакав да ја зачувам ранливоста и природата на знакот.“

Рак

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Овој месец бендот свиреше на Electric Forest. Само еднаш сум била таму, но се сеќавам на неонските светла сред шумата. Сакав да го зачувам тоа чувство на наоѓање нешто надвор од овој свет сред ноќта.“

Лав

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Овој дизајн беше навистина комплициран бидејќи беше дел од нивниот албум. Албумот е наречен ‘Одисеја’ па сакав ова да изгледа како почеток на патување, а Лавот е хероина што почнува да бара нешто важно.“

Девица

Неверојатни илустрации од хороскопските знаци претставени како божици

„Девицата е претставена како девица, па се обидов да го направам овој знак помлад.“

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар