Секси хороскоп: Кој е најдобриот љубовник во Зодијакот?

Секси хороскоп: Кој е најдобриот љубовник во Зодијакот?

Овенот како љубовник е страстен, но малку себичен, Близнаците се креативни, но и малку неверни, Скорпијата е страсна, но и малку опасна… Каков е вашиот хороскопски знак во љубовните мигови?

seksi-horoskop-koj-e-najdobriot-ljubovnik-vo-zodijakot-kafepauza.mk

Овен

Неговата силна личност има магнетска привлечност, а поради нивната постојана желба за контрола, тие одлично се бакнуваат. Нетрпеливи се и често се себични во сексот. Сепак, доколку им се „нафрлите“ додека се најстрасни, одлично ќе си поминете! За да заведете Овен, потребно е да не бидете срамежливи, а да бидете спонтани и интелигентни.

Бик

Најмажествениот од сите знаци со огромен сексуален апетит. Тој е можеби најдобриот љубовник во Зодијакот. Потребни им се многу допири, но без брзање. За нив добриот секс е како добра храна – потребно е да му се посвети доста време за да може во него да се ужива.

Близнаци

Ако сакате интелигентни луѓе, Близнакот може да биде најдобриот љубовник за вас. За да го заведете мора да бидете лукави и проникливи. Тие се мајстори на флертот и можат да ве освојат со само еден допир. Близнаците се креативни љубовници и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Но внимавајте, не сакате ни вие да им здодеете ним.

Рак

На најемотивниот знак му е потребен нежен допир, длабока емотивна поврзаност и посветен и нежен партнер. Тие се нежни љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, сигурно ќе ви се одмаздат. Сакаат кога други се грижат за нив.

Лав

Според многу Лавот е најдобар љубовник во Зодијакот. Тој постојано гори од страст и е многу самоуверен и потентен во сексот. На своите партнерки постојано им дава подароци, а за да го заведете треба само константно да му обрнувате внимание.

Девица

Ниеден друг љубовник нема да сака толку како Девицата. Таа изгледа сталожено и кул, но под површината е енормно сензуална. Сепак, не е идеална за секого, бидејќи често ја преминува границата на опседнатост и перфекционизам, што знае да биде многу напорно…

Вага

Како личност која сака да им угодува на луѓето, Вагата е внимателен и приврзан љубовник. Полна е со сентиментални аспирации, па бидете внимателни и обидете се да ѝ ги исполните фантазиите. Природно е склона на флерт и сака да експериментира во кревет. Заведете ја со романтика.

Скорпија

Скорпијата без сомнение е најсексуалниот од сите знаци, па сосема оправдано ја држи титулата за најдобар љубовник. Скорпиите често манипулираат со другите за да дојдат до секс. Нивната неодолива личност ги прави фасцинантни, но и опасни љубовници.

Стрелец

Разигран и детинест, Стрелецот како љубовник е доста креативен. Вечно останува млад во срцето и секогаш е отворен за експериментирање во сексот. Неговата поделена личност значи дека може да биде многу страстен, но и сосема ладен.

Јарец

Јарецот е резервиран и мора да биде длабоко заљубен за воопшто да помисли на секс. Не е ниту отворен ниту авантуристичен, бавен е, но и верен до крај. За да го заведете потребно е да се помачите и да напредувате постепено, чекор по чекор.

Водолија

Овој знак ве сака поради вашето тело и не му е гајле дали после сексот ќе останете во врска или не. Водолијата има дива сексуална енергија, а заради нејзината бунтовна природа можеби таа е најдобриот љубовник во Зодијакот.

Риби

Тие ќе ви понудат физичка врска полна со љубов и задоволство. Исклучително се опуштени и сакаат само да имаат самоуверен и среќен партнер. Кога ќе ја пронајдат таа личност, тие уживаат во сексот, посебно во „сексот за смирување“. За да ги заведете мора да бидете агресивни, како контраст на нивната мрзеливост.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар