Како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?

Во период од 23 јули до 22 август, Сонцето ќе транзитира низ огнениот знак Лав. За време на овој транзит, универзумот ќе нè покани да ја пронајдеме нашата внатрешна моќ и сила преку релаксација и забава!

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август?

Што е тоа што прави да се чувствувате моќни? Несомнено е дека тешкотиите и борбите можат да нè направат посилни, но ние чувствуваме вистинска моќ кога сме среќни.

Кога сме опуштени и среќни, се чувствуваме сигурни, сакани и подготвени да прифатиме што и да ни донесе животот. Во моментот кога се смееме или доживуваме вистинска радост, сите наши грижи се топат и ниедна болка не може да нè допре.

За време на сезоната на Рак, најверојатно бевме фокусирани на грижата за себе и на семејните работи. Како што преминуваме во сезоната на Лав, оваа енергија се менува, овозможувајќи ни да влеземе во покреативен и енергичен простор. Грижата за себе што си ја пруживме за време на сезоната на Рак ќе стане гориво за храбрата сезона на Лав.

Време е да донесеме храбри одлуки и да ја зацврстиме нашата самодоверба.

Сезоната на Лав ќе ни даде прекрасна енергија која ќе ни биде вистинска инспирација, но и поттик за авантури и поврзување со нашите страсти.

Енергијата на овој знак ќе нè охрабри да блеснеме со нашиот внатрешен пламен, да им се препуштиме на нашите желби и да најдеме време за игра.

Владеењето на Лавот во 2023 година е особено забележливо поради зголемениот број на планети кои се движат ретроградно. Силната ретроградна енергија нè поттикнува да погледнеме наназад, да ги преиспитаме работите и можеби да се справиме со нерешените прашања.

Од групата на ретроградни планети во овој период дефинитивно ќе се истакне Венера, а со оглед на тоа дека таа е планета на љубовта и романтичните врски, а Лавот владее со срцето, најверојатно во периодот што следува ќе работиме на исцелувањето на нашите љубовни рани.

За време на владеењето на Лавот, универзумот ќе нè потсети дека во радоста има сила и моќ што може да нè инспирира, мотивира и лекува.

Многумина од нас се обесхрабрени од она што го гледаат во светот. Толку многу од нас се фатени во борбата на секојдневниот живот. Иако сите ние треба да се справиме со суровата реалност на животот, не смееме да им се препуштиме на негативните мисли.

Сезоната на Лав ќе нè поттикне да ги оставиме настрана болката и страдањето и наместо тоа повторно да ги откриеме радоста и креативноста.

Правилото за време на сезоната на Лав е да се опуштите и да најдете забава и романса! Одете на одмор, започнете нов курс, одете на романтичен состанок или направете нешто што отсекогаш сте сакале да го направите.

Инспирирајте се. Повторно заљубете се во вашиот живот. Затоа што кога ќе го направите тоа, ќе се чувствувате моќни, силни и мотивирани не само до крајот на годината туку и до крајот на вашиот живот.

Иако е лесно да се фокусираме на неволјите, мораме да запомниме да се фокусираме и на убавината што ја нуди животот. Кога се фокусираме на љубовта и радоста, нашите вибрации се зголемуваат и се прошируваат. Стануваме помоќни, стануваме посилни, стануваме посигурни и можеме да најдеме сила да го живееме животот од соништата.

Кога се фокусираме на уништување, хаос, болка и страдање, нашите вибрации се намалуваат и животот полека нè гуши. Се чувствуваме беспомошни, исплашени и губиме надеж дека утре може да биде подобро од денес.

Знакот Лав владее и со срцевата чакра, а преку одвојување време за одмор и релаксација, можеме да ја зајакнеме енергијата и аурата на нашето срце.

Со силно срце има многу малку што не можеме да постигнеме. Со силно срце, можеме да останеме усогласени и поврзани, но и присутни со нашите животи и светот околу нас.

За време на сезоната на знакот Лав, исполнете го вашето срце со радост, доверба и љубов преку позитивни мисли и добри дела.

Откако прочитавте за влијанието на сезоната на знакот Лав, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар