Одличен рецепт за пуканки од карфиол

Следниот пат кога ќе гледате филм, наместо обични пуканки направете ги овие здрави грицки од карфиол

Одличен рецепт за пуканки од карфиол

Потребни состојки:
  • 1 главица карфиол
  • 20 грама маслиново масло
  • 12 грама сув неактивен квасец (или по вкус)
  • 2 лажички ким (или по вкус)
  • 2 лажички чили во прав (или по вкус)
  • Неколку прстофати сол (или по вкус)
Начин на подготовка:
  1. Исечкајте го карфиолот на мали парчиња.
  2. Додадете му го маслиново масло и промешајте за убаво да се натопи.
  3. Додадете ги зачините, солта и квасецот и повторно убаво измешајте.
  4. Јадете ги веднаш или дехидрирајте ги во подотворена рерна на 60 степени околу 4-6 часа или додека не ја добијат посакуваната текстура. Напомена: Користете нелепливо тавче или обложете обично тавче со хартија за печење и доколку вашата рерна има вентилација, вклучете ја.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар