Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

Животот на денешните млади се состои од Фејсбук, Инстаграм и Снепчет. Сите наши доживувања се документирани на социјалните мрежи. 33-годишниот уметник Емет Траксес решил да ја претстави реалноста на современото општество преку интересни и урнебесни илустрации.

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

„Дали свинските ребра ќе изгледаат добро на фотографија?“

Тој ги објавил неговите кратки стрипови кога се преселил во Бруклин, но сѐ уште ги нема потрошено идеите за создавање слични содржини.

„Среќен сум што имам урнебесни пријатели и понекогаш кога сме излезени, ако успеам да наслушнам или да забележам нешто интересно, веднаш го запишувам за да не го заборавам“, открил Емет.

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

Она кога ќе ја спуштат цената на авокадото, па конечно можете да заштедите за да ја купите куќата од вашите соништа.

Тој има повеќе од 147.000 следбеници на Инстаграм и се надева дека ќе им подари уште многу смешни илустрации на неговите обожаватели.

„Целта на стриповите е да ја исмеат нашата култура, но на благ начин. Се надевам дека извлекувам насмевка од лицето на луѓето, но и дека ги потсетувам да ја држат главата високо крената, бидејќи на овој свет има повеќе добри работи отколку лоши“, објаснил тој.

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

„Кое патче е естетски поубаво?“

Погледнете дел од неговите интересни илустрации што ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да се соочите со вистината за денешните генерации…

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

Девојката: Замисли да живееме тука!
Дечкото: Не би имале скршен денар.
Девојката: Но, би биле многу среќни!
Дечкото: Велат дека среќата нема цена.
Девојката: Но, има! 5.500 евра месечно!

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

„Ајде да не се следиме на социјалните мрежи, за да можеме да го зачуваме ова пријателство како убаво сеќавање.“

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

„Извинете, но примаме само кеш.“

Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

„Злато, мора да изгледаш поспонтано!“

Продолжете на следната страница за останатите илустрации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар