Првиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!

Првиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!

Чувството дека работите се непроменливи и дека стагнираме во остварувањето на повеќето цели може да нè доведе до нереално доживување на реалноста. Сепак, првиот чекор кон промена може да биде свесноста за овој проблем.

Првиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!

Многу е лесно да заглавиме во илузијата дека нешто што не можеме да го промениме мора да се промени за да се чувствуваме подобро, посмирено или задоволно. Сепак, не можеме само да ја промениме професијата или однесувањето на партнерот. Како да се справиме со реалноста во овој случај? Прочитајте во продолжение.

Признајте и прифатете ја реалноста

Ако се обидеме да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е и се грижиме за себе најдобро што можеме во дадените услови, почнуваат да се случуваат два позитивни процеси. Првиот е стекнувањето контрола над таа ситуација. На почетокот може да биде непријатно да се соочиме со местото каде што застанавме, но бидејќи токму она што не сакаме да го видиме има најголемо влијание врз нас, вреди да се соочиме со чувството на непријатност.

Признајте си и почувствувајте: Поминав една деценија на работа која воопшто не ја сакам.

Признајте си и почувствувајте: Сите овие години бев со партнер кој ме кочи.

Признајте си и почувствувајте: Ја запоставив мојата креативност и се чувствувам лошо кога гледам како другите максимално ја користат.

Признајте си и почувствувајте: Долго време не се грижам за себе и се чувствувам запоставено.

Ништо од горенаведеното не е пријатно, но потребно е да го забележиме, прифатиме и почувствуваме она што нè кочи за да можеме со нови сили да започнеме со промените.

Опуштање

Друг позитивен процес што е инициран со ова прифаќање е тоа што истовремено ние се обидуваме и да се опуштиме. Во животна ситуација која баш и не ни се допаѓа, си дозволуваме да се оттргнеме од постојаното фокусирање на нашите мисли во насока на невозможното и да се чувствуваме добро секогаш кога имаме можност за тоа. Тие периоди кога сме во добро расположение и покрај нерешената ситуација ја зголемуваат нашата способност да се справиме со животните околности и ни даваат појасна визија за иднината.

Саморефлексија

Саморефлексијата нè зацврстува, ни влева доверба дека еден ден сепак ќе можеме да промениме нешто. Кога сме обземени од незадоволство и не знаеме како да започнеме, а би сакале промена, немаме многу добро чувство за времето. Сакаме да се чувствуваме подобро, а за да го постигнеме тоа, нашиот живот треба да биде поинаков. Треба да бидеме различни. Нешто треба да биде поинаку. Така, заробени во оваа стапица, упорно остануваме на местото каде што се чувствуваме лошо. Но, ако си дадеме време да го доживееме и истражуваме сето тоа и станеме свесни за таа стапица, ќе има позитивна промена во перцепцијата на времето, иако всушност ништо не се менува.

Со прекинување на приврзаноста кон идејата за посакуваната промена, имаме можност да размислуваме за нашата сегашност. И колку повеќе остануваме овде и сега, толку пореална е нашата проценка на времето. Можеме појасно да одредиме колку време ни е потребно за нешто и да го видиме процесот низ кој треба да поминеме за навистина да се случи промената.

Откако прочитавте зошто е подобро да ја прифатите реалноста онаква каква што е, можеби ќе сакате да прочитате и за незапирливата моќ на промената.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар