Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

Неодамна, фотографот Сајмон Дел налетал на семејство глувци во неговата градина. Наместо да посегне по стапиците, тој ги земал неговите алатки и се фатил за работа. Сајмон им изградил минијатурно село на глувците, а тие му возвратиле со позирање пред неговиот фотоапарат.

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

„Еден ден бев надвор и ги фотографирав птиците во градината, кога забележав дека нешто мрда на земјата. Го насочив апаратот кон земјата и бев шокиран, но многу среќен што видов мало слатко глувче кое стоеше како мунгос во тревата. Веднаш знаев дека е ѕвезда и влегов внатре да земам неколку кикирики за него. Седев таму, чекав, и за само неколку минути тој се појави по храната. Тогаш помислив да му направам мало засолниште и безбедно место за криење и јадење.“

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

„Имав малку искуство со фотографирање на див свет и глувци, а имав и друг глушец што живееше во мојата градина и излегуваше само навечер. Тој беше добар глушец и го крстив Стјуарт. Беше сам, но замина на почетокот на пролетта во 2018-та, можеби за да најде партнер. Се надевам дека ќе се врати оваа зима и ќе ги запознае новите глувци во градината.“

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

„На почетокот имаше само еден глушец. Увото му беше исечено и го нарековме Џорџ. Наместив мали гранки околу кутија како дом за глушецот и ја покрив со мов и слама за да му направам мало засолниште. Можев да ги видам мачките на само неколку метри од другата страна од оградата, па гранките му ја зголемија безбедноста.“

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

„Потоа ставив жица околу оградата за мачките да не можат да дојдат до глувците. Неколку денови подоцна забележав дека има повеќе глувци во купот гранки и не помина долго пред и двајцата да излезат за храна.“

„Решив да им изградам дом бидејќи сакав да им дадам безбеден простор во градината. Бидејќи фотографирам див свет, сакам да создадам живеалиште што изгледа убаво за фотографиите што ќе ги направам.“

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

„Додадов повеќе простор и го подготвив за студена зима, давајќи им на глувците најдобри шанси за преживување. Имам избројано околу 5 или повеќе глувци, а женката, Милдред, изгледа бремена па се надевам дека ќе имаме малечки околу Божиќ. Знаејќи дека глувците можат да имаат и до 14 малечки, можеби ќе градам уште простории. Но имам простор и не ми е проблем да живеам покрај толку слатки и фотогенични мали суштества.“

Фотограф открил семејство глувци во неговата градина и им изградил мало село

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар