Артистичка куќа во Малибу со внатрешен базен
Оваа голема, спектакуларна резиденција со уметнички дух, е дизајнирана од страна на бразилската архитектонска компанија Fernanda Marques Arquitetos Associados, а е лоцирана во Малибу, Калифорнија. Куќава прикажува еден урбан артистички дизајн, збогатен со „живи“ бои, кои ненаметливо се вклопуваат во целокупниот изглед.



Гломазниот мебел одлично се прилагодува во пространата куќа, која е направена во италијански стил: кожа, кадифе, метал и стакло преовладуваат во собите.









Покрај интересните уметнички предмети, креативните лулки и современиот мебел, највпечатливиот елемент на оваа резиденција е галантниот внатрешен базен, кој нуди бескрајно уживање. Уживајте накратко на вашето патување до „куќичката“ во Малибу. 🙂




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























