Наставничка на „одвратен“ начин ги научила своите ученици зошто е добро да си ги мијат рацете

Наставничка на „одвратен“ начин ги научила своите ученици зошто е добро да си ги мијат рацете

Американската наставничка ги учела децата за микробите и начинот на нивното ширење, а оваа лекција сигурно ќе им се врежи во нивните памтења како и на илјадници други луѓе кои ја виделе нејзината објава на Фејсбук.

1-nastavnichkata-na-odvraten-nachin-gi-nauchila-svoite-uchenici-zoshto-e-dobro-da-gi-mijat-svoite-race-www.kafepauza.mk_

За да ги научи своите ученици зошто е важно да ги мијат рацете, наставничката Дона Гил Ален од Северна Каролина направила со нив еден мал експеримент.

„Користев три парчиња леб. Им ги покажав на децата и за сите да видат ставив со ракавица на едната рака едно парче леб во вреќичката на која пишуваше ‘контролирано’. Потоа ги измив рацете и го ставив второто парче леб во вреќичката на која пишуваше ‘чисто’. Третото парче леб го допре секое дете во одделението и го ставив во вреќичката на која напишав ‘нечисто’. Потоа ги затворив вреќичките и ги оставив за децата да набљудуваат како се развиваат микробите. Погледнете како се менуваше лебот со текот на време. Ова е најодвратниот и најинтересниот експеримент кој сум го направила досега“, заклучува Дона.

Експериментот бил направен додека таа ги подучувала децата за микробите и начинот на нивното ширење. Нивниот резултат бил објавен на Фејсбук, кој потоа бил споделен повеќе од 70.000 пати.

Здравите навики детето мора да ги научи уште во домот, па затоа погледнете кои здрави навики вашето дете мора да ги научи во најраната доба од животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар