Моќни мисли од најинспиративната холивудска ѕвезда – Кијану Ривс!

Моќни мисли од најинспиративната холивудска ѕвезда – Кијану Ривс!

Познат како еден од најголемите хуманисти и позитивци во Холивуд, актерот Кијану Ривс не престанува да ги изненадува фановите со своите неверојатни ставови и одлуки. Наспроти сите трагедии што ги преживеал, тој останал дарежлив човек со добро срце, позитивна личност што носи светлина и инспирација во животот на многу луѓе ширум светот. Токму затоа и ги споделуваме со вас овие неверојатно моќни совети што без сомнение ќе ве замислат!

„Ништо не умира целосно. Универзумот ништо не убива, на крајот сè се трансформира и појавува во друг облик.“

„Понекогаш непријателите ни се најдобрите учители. Луѓето најдобро учат од сопствените грешки, а уништувањето понекогаш значи повторно раѓање.“

„Не се согласувам да бидам дел од свет во кој љубезноста е слабост.“

„Морате да промените некои работи во животот ако не сте среќни и да го пренасочите текот на настаните ако не одат онаму каде што сте сакале.“

„Како се соочувам со стареењето? Со чудење и хорор. Да. Баш така. Чудо и хорор.“

„Жал ми е што моето постоење не е пламенито и возвишено.“

„Јас сум Мики Маус. Луѓето не знаат кој е под ова одело.“

„Понекогаш додека сум надвор, ги слушам луѓето како разговараат за сосема неважни работи. Потоа се потсетувам зошто решив воопшто да не излегувам.“

„Тагата го менува својот облик, но никогаш не исчезнува. Луѓето се во заблуда кога мислат дека сум се изборил со болката, дека поминала, дека сè е во ред, дека сега сум подобар. Грешат многу.“

„Секоја енергија може да биде создадена или уништена, но таа постојано тече. Има свој правец, некој вид внатрешен, емотивен, духовен правец. И секогаш има влијание на некого.“

„Кога навистина ќе ја разберете кармата, ќе разберете дека сте одговорни за сè во својот живот. Неверојатно е моќно сознанието кога ќе сфатите дека вашата иднина е навистина во вашите раце.“

„Тетоважите се многу интересни, но со нив го покажуваш своето минато на телото и го правиш засекогаш видливо и присутно.“

„Секогаш сум се чувствувал по малку осамен и излолиран од другите луѓе. Многу се ‘понашав’ како дете. Тоа беше мојот начин да се соочам со фактот дека не можев никаде да се чувствувам дека припаѓам.“

„Смртноста ја сфаќаш на еден начин на 20 години, а на сосема друг начин на 50.“

„Парите можат да ви купат само слобода да го живеете својот живот онака како што сакате. Ништо повеќе.“

„Јас сум глупав. Постојат паметни луѓе и глупави луѓе. Јас, едноставно сум во групата со глупавите.“

Прочитајте ги и овие 5 лекции кои можеме да ги научиме од тешката животна приказна на актерот Кијану Ривс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар