Од машка перспектива: Која женска фризура е најпривлечна?

Сосема нормално е да го носиме тоа што нам ни се допаѓа, но ако ве интересира што мислат мажите на оваа тема, тогаш дојдовте на вистинското место! Според едно неодамнешно истражување, како што испитувачите ги прашале мажите која фризура ги соборува од нозе, нивниот одговор бил прилично едноставен: без премногу експериментирања и декорации за коса.

Резултатите можеби ќе ве изненадат. Мажите не биле претерано воодушевени од фризурите со многу детали во косата, а воопшто не им се допаѓале ниту мокрите кадрици, плетенките и останатите фризури кои бараат врзување на косата. Претераниот труд околу косата, барем според групата на која ѝ било поставено ова прашање, било негативно оценето од страна на мажите.

Па, каква фризура тие всушност сакаат?

Веќе објаснивме што не им се допаѓа, па сега е време да ви откриеме која фризура навистина им се допаѓа на поголемиот дел од мажите. Според резултатите, тие сакаат едноставна фризура. Што пообична, толку подобро! Затоа и никогаш нема да згрешите со негуваната, брановидна и сјајна коса. Па, ако сакате да заведете некого, добро е да знаете дека не е потребен голем труд. Едноставната фризура е најмоќното оружје за заведување!

Дознајте и како да направите боб фризура, дури и ако имате долга коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар