За фантастична и женствена фризура: Трик со цедалка и фен

Верувале или не, цедалката што ја користите во кујната е одлична алатка за совршени кадрици. Некои жени дури велат дека овие кадрици изгледаат многу поубаво и поприродно отколку кога користат преса за коса или фигаро. Тие делуваат како мали федерчиња што се разлетуваат на секое движење.

za-fantastichna-i-zhenstvena-frizura-trik-so-cedalka-i-fen

Сè што треба да направите е да ја поделите косата во неколку делови, додека е уште мокра, и така дел по дел да ја ставате во цедалката додека ја сушите со фен, притоа држејќи ја во висина на главата. Погледнете го следново видео за подетални инструкции и пишете ни дали сте задоволни ако решите да го пробате овој трик!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар