Бидете позитивни: Животната среќа е клучна за успех во кариерата

Бидете позитивни: Животната среќа е клучна за успех во кариерата

Чувството на среќа и задоволство директно влијае на нашето здравје – го смалува стресот, нè прави покреативни и поефикасни. Тоа директно влијае и на начинот на кој ги толкуваме настаните околу нас, како и на односите што ги воспоставуваме, што се клучни елементи за успех, како во животот, така и во кариерата.

bidete-pozitivni-zhivotnata-srekja-e-kluchna-za-uspeh-vo-karierata-www.kafepauza.mk

Со оглед на тоа што поголемиот дел од времето го минуваме на работа, позитивната психологија може многу да ни помогне во однос на нашата среќа. На пример, дури и краткотрајните позитивни емоции (што можат да се искусат од добра шега или пријатен разговор со колега) се доволно силни да го подигнат општото ниво на среќа на работното место. Од друга страна пак, активностите како медитацијата, вежбањето и прошетката на свеж воздух со сигурност долготрајно ќе го зголемат вашето ниво на среќа.

Имајќи го тоа на ум, би било мудро уште денес да почнете со вакви активности. На пример, одете пешки на работи или возете велосипед. Многу компании нудат попусти или бесплатно вежбање во теретана, па искористете ги овие понуди. Можете да вежбате на пауза од работа или пак, веднаш по завршувањето, пред да се вратите дома и да легнете на удобниот кауч. Исто така не ги избегнувајте разговорите со колегите, никогаш не можете да знаете кога токму тие ќе бидат причината за вашата насмевка.

Позитивната психологија е релативно млада гранка на оваа наука. Таа е насочена кон помагање на луѓето да живеат посреќен и поуспешен живот. Токму затоа и ни е толку многу потребна во нашиот живот. Ние најчесто мислиме дека ќе бидеме среќни само кога ќе постигнеме некој замислен успех. Но, тоа што го забораваме е дека нашата среќа е таа што влијае на нашиот успех, а не обратно.

Па, ако сакате да бидете и среќни и успешни, како и да го живеете животот во целост, тогаш не заборавајте на малите нешта што можат да нацртаат насмевка на вашето лице!

Тајната на среќата: 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар