Говорот на нозете според Плејбој

Во едно издание од Плејбој од 1969 година детално е обработен говорот на телото, односно поконкретно говорот на нозете кое ги „издава“ најважните карактерни црти на девојките. Станува збор за уникатна студија од страна на клиничкиот психолог Џон А. Блејзер кој сметал дека според тоа како девојките ги наместуваат своите нозе веднаш кога ќе седнат, можете да го одредите начинот на кој да треба да им пристапите.

Говорот на нозете според Плејбој

Погледнете ги наредниве неколку позиции и добро запомнете ги. Можеби нареден пат ќе препознаете некои од сигналите и успешно ќе започнете нова врска со девојката која веќе подолго време ја набљудувате, но не знаевте како да ѝ пристапите… :)

Говорот на нозете според Плејбој

Организаторка

Ја возбудуваат педантноста и уредноста кај мажите.

Несигурноста ѝ пречи, па затоа однапред подгответе план за вечерта и држете се до него.

Ако стапалата ѝ се свртени навнатре, несигурна е и има ниска самодоверба. Зголемете ѝ го егото и таа ќе го стори истото за вас.

Говорот на нозете според Плејбој

Сплеткарка

И покрај тоа што однадвор изгледа урамнотежено, всушност таа се чувствува загрозено од мажи.

Многу е амбициозна и има голем натпреварувачки дух.

Нежно предизвикајте jа во некоја игра со карти и изгубете – така ќе победите во поголемата игра.

Говорот на нозете според Плејбој

Конформистка

Ако ја забележите на забава, тргнете накај нејзиното столче сигурно, но тивко.

Таа обожава да ѝ кажуваат што да прави, но не сака да привлекува внимание кон себе.

Започнете полека и откако врската ќе ви стане посериозна, таа ќе биде ваша со целото свое срце.

Говорот на нозете според Плејбој

Перфекционистка

Таа многу се грижи за впечатокот кој го остава и поради тоа може да биде несигурна и анксиозна.

Таа искрено ужива кога им помага на луѓето околу неа, па затоа разговарајте за вашите проблеми.

Кога ќе го „возбудите“ нејзиното сочувство, ќе ја возбудите и неа.

Говорот на нозете според Плејбој

Социјална работничка

Таа има многу слични особини со перфекционистката, но е уште понесебична од неа.

Однесувајте се беспомошно и таа веднаш ќе стане чувствителна и дарежлива кон вас.

Ако ѝ укажете дека навистина имате потреба од неа, таа ќе ги стави вашите интереси пред нејзините.

Говорот на нозете според Плејбој

Еманципирана девојка

Независна и неконвенционална, таа е пример за „модерна девојка“.

Таа ја обожава својата слобода, најновата мода и далечните места.

Договорете заедничко патување на некој егзотичен остров, и оттогаш таа ќе биде засекогаш ваша.

Говорот на нозете според Плејбој

Филантропка

Таа е топла, дружељубива и со добар хумор. Задоволна е од себеси и од другите околу неа.

Оваа романтичарка има многу да ви понуди и тоа ви го подарува бесплатно.

Не обидувајте се да ја „врзете“ за себе, бидејќи таа е љубовничка на сите мажи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар