Зошто луѓето сакаат да гледаат ТВ во друштво на милениците?

Зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?

Според резултатите од спроведена анкета врз корисници на Нетфликс, дојдено е до заклучок дека секој втор љубител на ТВ серии и филмови повеќе би сакал да ги следи во друштво на миленичето, наместо со партнерот. Резултатите од анкетата покажале и точно кое милениче е најдобро друштво за гледање телевизија.

Зошто луѓето сакаат да гледаат ТВ во друштво на милениците?

Освен што повеќе од половина испитаници се изјасниле дека претпочитаат да гледаат телевизија заедно со своето милениче, изненадувачки е резултатот дека најчест животински вид вклучен во оваа активност се птиците.

Дури 84% од учесниците во анкетата кои се сопственици на птица, изјавиле дека редовно ги гледаат своите омилени серии и филмови заедно со нив. Истото го изјавиле 82% од претплатниците на Нетфликс кои чуваат куче и 76% од корисниците што се сопственици на мачки.

Најчеста наведувана причина зошто е тоа така е што испитаниците живеат сами со своето милениче, додека друг дел пак, сметаат дека нивното друштво им помага да се релаксираат. Помал дел од испитаниците нагласиле дека миленичињата се најдобри партнери во гледање телевизија, бидејќи тие не судат за изборот и вкусот на ТВ содржините.

Дознајте и кои се неверојатните придобивки од чувањето птица како миленик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар