Уште една одлична првоаприлска шега: Глава во тегла

Токму навреме, пред празникот на шегата, веб-сајтот Instructables нѐ послужи со еден интересен проект кој можете да го искористите за да исплашите и насмеете некого на први април. Главата во тегла, во зависност од прецизноста со која ќе се изработи, може да изгледа толку реално што секакви реакции би биле очекувани, од гласна смеа до сериозен врисок.

1-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

Треба да започнете со внимателна и вешта дигитална обработка на фотографии од нечија глава, по можност вашата. Ќе ви треба една фотографија во анфас и една во профил за да ги изработите страните. За тоа, можете да работите во Фотошоп или во некој друг софтвер за фотообработка.

Доколку не сте многу вешти во фотоманипулацијата, можете да преземете готов PDF (117 MB) со главата од примерот на Instructables.

2-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

Ако работите сами, ќе треба вешто да ги споите двете фотографии, да ги отстраните непотребните делови и да внимавате на порамнувањето, на пример ушите да бидат на иста позиција од сите страни. Исто така, многу е важно да нема разлика меѓу нијансите на фотографиите, а ако постојат, ќе треба да си поиграте со нивоата на контраст, светлина и боја.

Откако ќе ја добиете финалната фотографија, треба да ја испечатите и да ја однесете во некоја печатница да ви ја пластифицираат за да не се распадне штом ја ставите во теглата со вода.

3-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

Завиткајте ја цилиндрично подготвената фотографија и пикнете ја во теглата. Потоа, ставете малку боја за храна во водата, а за дополнителен ефект можете да додадете и некои тревки.

4-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

Потоа сместете ја теглата во фрижидер и чекајте го врисокот кој ќе биде јасен знак дека некој ја пронашол. Не е лоша идеја и да му ја оставите како неочекуван подарок на некој колега на работа.

5-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

6-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk

7-ushte-edna-odlichna-prvoaprilska-shega-glava-vo-tegla-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар